Колумни

Дарко Тодоровски: Политичкото самоубиство на Трамп – крајот на Трампизмот

Сликата може да содржи: еден или повеќемина

Со настаните на 6-ти јануари Доналд Трамп изврши политичко самоубиство и и нанесе големи штети на Републиканската партија. Доналд Трамп покажа дека е шоумен, а не револуционер.

Трамп исто така докажа дека не е претседател со цврсти ставови и ги издаде своите поддржувачи и следбеници, ја издаде земјата, и на крајот се издаде самиот себе

– До 6-ти јануари и „Маршот за Трамп“ Трамп имаше огромни шанси да стане кандидат на претседателските избори во 2024 година од Републиканската Партија и покрај поразот на изборите во 2020 година. Зад себе имаше скоро 74 милиони гласачи. Растечка популарност помеѓу малцинствата, на изборите во 2020 година за Трамп гласаа двојно повеќе афроамериканци и латиноси за разлика од 2016

Потполно здрав, полн со сила и харизма и зад себе имаше моќна медиумска поддршка и ја имаше легендата за украдените избори. Зад себе ја имаше приказната дека за време на неговиот мандат економијата на САД беше во подем, и дека невработеноста беше на историско најниско ниво
– и покрај поразот на изборите на 3-ти ноември Трампизмот беше во подем во САД и ширум светот.

После настаните на 6-ти јануари истиот ќе биде систематски срушен во САД
– Трамп долго време изјавуваше дека 6-ти јануари е Денот Д за тој и Републиканците да докажат дека претседателските избори се украдени. Најголем дел од Републиканската партија и сенаторите застанаа зад Трамп. Но со својот говор на 6-ти јануари на собирот, Трамп ги потикна своите следбеници и подржувачките на Републиканците на непотребното влегување во Конгресот. Со тоа Трамп ја нокаутираше Републиканската партија која што сега ќе се најде на удар и на јавноста и на целиот систем во САД

– Трамп во својот говор после хаосот во Конгресот, откако претходно ги потикна своите следбеници, подоцна ги обвини, и најави дека сите ќе бидат казнети и ќе платат. Истовремено изјави дека транзицијата на власта ќе се одвива нормално, и дека ги признава резултатите од изборите
– на Трамп му се заканува импичмент според 25 амандман од Уставот на САД, како и кривично гонење

– Профилите на Трамп на Twitter и Facebook се блокирани засекогаш. На Twitter Трамп имаше повеќе од 80 милиони следбеници. Инстаграм исто така го блокираше Трамп. ИТ гигантите ја започнаа борбата против Трамп и Републиканците. Блокирани се некои и од неговите најблиски соработници. Блокирана е и социјалната мрежа Parler која што важеше за пристаниште за конзервативците во САД
– почнаа оставките во сеуште актуелната претседателска администрација на Трамп. Од Трамп исто се откажуваат и голем број негови следбеници, како и влијателни фигури во Републиканската партија.

Дарко Тодоровски

 

Сликата може да содржи: Дарко Тодоровски, стоење и Костум

Loading...

Related posts

Leave a Comment