Анализа

ДАРКО ТОДОРОВСКИ : ТРАНСАТЛАНТСКОТО ПАРТНЕРСТВО ЈА ОГРАНИЧУВА ФР ГЕРМАНИЈА

Франко Маас, миистерот за надворешни работи на ФР Германија ги нарече германско-американските односи „комплицирани“ и, според потпретседателот на германскиот огранок на Фондацијата „Маршал“, Томас Клин-Брокхоф, „во текот на изминатите 35 години немало пониско ниво на доверба меѓу двете земји“.

Според податоците на американски социолошки институт „Pew Research Center“, 64% од германските испитаници рекле дека американско-германската соработка е „лоша“. Според германската Фондација Карбер за проучување на јавното мислење, околу 35% од Германците ги сметаат САД како „главен надворешен политички предизвик“ за земјата и се залагаат за отфрлање на трансатлантските врски.

Значајни настани во билатералните односи помеѓу Вашингтон и Берлин беа воспоставувањето дипломатски контакти на САД со Федералната Република Германија (1955) и Германската демократска република (1974). Се разбира, интеракцијата и соработката на Берлин и Вашингтон за широк спектар на прашања од меѓународната политика како целина, ја обезбедија европската безбедност. Несомнено, со оглед на приоритетот на трансатлантското размислување во германската национална свест, нивото на меѓудржавна интеракција меѓу ФР Германија и САД е важна област на меѓународната политика. Меѓутоа, во последно време, експертите забележаа тренд на компликација на билатералните односи и несогласување помеѓу Берлин и Вашингтон.

Поточно, политичките аналитичари како главен фактор за намалувањето на довербата на германското население во однос на САД сметаат дека е предизвикано „шпионските игри“ на САД, и од нивните разузнавачки служби ЦИА и НСА. Скандалот од 2013 година, во кој официјалниот претставник на германската влада Штефен Сијберт, објави дека американските разузнавачки служби може да го слушаат мобилниот телефон на канцеларката, е индикативен. И покрај барањата на германската јавност да се спроведе целосна детална истрага за инцидентот и да се изведат сторителите пред лицето на правдата, во јуни 2015 година Федералното обвинителство на Германија објави за затворање на случајот заради неможноста да се докаже преслушувањето од страна на САД пред судот.

Заедно со ова, аналитичарите на списанието „Шпигел“ сметаат дека именувањето на Ричард Гренел за американски амбасадор е една од причините за влошување на билатералните односи и почетокот на периодот на „играта на тишина“ помеѓу Берлин и Вашингтон.

Гренел ја градеше својата кариера и работа во Германија на критики Германската влада и на канцеларката Меркел. Значајно е што Федералната канцеларка Ангела Меркел за време на мандатот на Гренел (до 1 јуни годинава) никогаш не комуницирала и не се сретнала со него. Во исто време, американскиот амбасадор продолжи активно да ги критикува одлуките на Берлин во врска со нивото на придонесите во Северноатлантската алијанса НАТО (постојано помалку од 2% од БДП).

Покрај тоа, големиот број случаи на неморално однесување на воениот персонал на американската армија кои служат во Германија предизвикуваат незадоволство во германското општество. Во оваа ситуација, Германците крајно негативно го согледаа фундаменталното одбивање на САД да ги екстрадираат американските граѓани за да одговараат пред Меѓународниот кривичен суд за сторените воени прекршоци.

Друга негативна страна на билатералните односи е американската политика на санкции за спротивставување на проектот „Северен поток -2“, кој Берлин е заинтересиран да го спроведе и доведе до крај. Во врска со ова, шефот на енергетскиот комитет во Бундестагот, Клаус Ернст, даде предлог за одговор за воведување на дополнителен данок на снабдувањето со американски гас. Според него, „дојде време да започнеме да се браниме од САД“.

Вреди да се признае дека надворешната политика на САД сериозно ја ограничува независноста на Берлин. Позицијата на Германија беше многу јасно опишана од поранешниот шеф на фракцијата ЦДУ / ЦСУ во Бундестагот Ф. Мерц: „САД се менуваат во последните години и децении. Трамп е само уште една алка во овие измени “. Сè уште не е развиено средство за спречување и ограничување на американското мешање во европските работи.

Дарко Тодоровски

Фотографија на Дарко Тодоровски.

Loading...

Related posts

Leave a Comment