Свет

Дел од ЕУ против изјавата на Трамп за безусловно враќање на Русија во Г-7

 

Европската унија е против предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, Русија безусловно да се повика назад во групата Г-7, изјавил официјален претставник од Брисел.

Како што пренесува Ројтерс, претставниците од ЕУ изјавиле дека Русија не би можело да се врати во Групата ако не ги отстрани причините поради кои е отстранета од неа.

Меѓутоа, францускиот претседател, Емануел Макрон, по дредбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, одржана на 19 август, изјави дека со својот соговорник се согласиле дека на самитот во 2020 година, претседателот на Русија мора да биде присутен на Самитот на Г-7.

Related posts

Leave a Comment