Свет

Демократите брзаат да ја бранат Светската здравствена организација по прекинот на финансирањето од Трамп

Демократите побрзаа да ја бранат Светската здравствена организација (СЗО), откако претседателот Доналд Трамп во средата објави дека ќе престане со финансирање на организацијата, во очекување на прегледот за тоа како се справилa со пандемијата на коронавирус.

Откако Светската здравствена организација  дозна за појавата на коронавирус на 31 декември, ги промовираше кинеските тврдења дека нема докази за пренесување од човек на човек на 14 јануари. Дури на 20 јануари се докажа  пренесувањето од човек на човек – откако повеќе од 3.000 луѓе веќе се заразија , пренесува Асошиејтед прес.

СЗО исто така ја критикуваше одлуката на Трамп да го забрани патувањето од Кина во САД и ја критикуваше неговата употреба на терминот „кинески вирус“.

СЗО, исто така, ја пофали Кина за својата транспарентност – и покрај извештаите дека кинеските власти наредиле уништување на докази за вирусот и цензурираа медицински истражувачи, кои се обидоа да  алармираат за вирусот.

СЗО исто така има историја на исклучување на Тајван од своите активности од 2016 година под притисок на Кина, која го смета Тајван како отцепена покраина која е дел од нејзината територија и не е посебна држава.

Како и да е, демократите побрзаа да ја бранат организацијата по одлуката на претседателот да ги задржи скоро 500те милиони американски долари годишно финансирање од САД

Хилари Клинтон твитна:

„СЗО е во првите редови во оваа пандемија, давајќи совети, обука и опрема од клучно значење за спасување животи – вклучително и на Американците“. Ускратувањето на нивното финансирање не е само опасно – Трамп нема надлежност да го стори тоа. Тој треба да знае: прекршувањето на законите за трошење го носи кон импичмент “.

Сенаторот Крис Марф), исто така ја бранеше СЗО. Тој твитна: „Не беше СЗО таа што не стави во позиција како што сме денес. Тоа беше нашиот претседател “.

Сенаторот Бен Кардин го обвини претседателот за „отфрлање на вината“.

„Прекинувањето на финансирањето на Светската здравствена организација среде глобална пандемија е неодговорно, ирационално и едноставно погрешна работа“, рече тој.

„Ако одбиеме да работиме со СЗО – главниот извршител на Меѓународните здравствени регулативи – ќе имаме ограничени механизми за да помогнеме да се запре оваа пандемија еднаш засекогаш.“

Трамп не изјави дека одбива да работи со СЗО. За време на прес-конференцијата во средата, тој посочи дека ќе биде отворен за продолжување на финансирањето доколку СЗО направи промени.

„Ќе донесеме одлука во текот на еден мал временски период. Но, тие или ќе треба да направат огромни промени – дури и не знам дали ќе можат да го сторат тоа – или ние ќе им дадеме пари на луѓето “, рече тој.

Loading...

Related posts

Leave a Comment