Свет

Демократите го обвинија Трамп за неговата донација на респиратори за Русија

Доналд Трамп, Владимир Путин

Демократите му пишаа на претседателот Доналд Трамп во петокот, прашувајќи за неговата одлука да испрати 200 респиратори во Русија за да им помогне на пациентите од коронавирус таму.

Во писмото потпишано од тројца претседавачи на комитетите за (Надзор, Надворешни работи и Апропријација) и два стопански поткомитети (Коронавирус и Национална безбедност), демократите ја ставија под лупа донацијата, тврдејќи дека претседателот „обезбедувал или продавал респиратори на други земји како подароци или услуги за политички или лични интереси без значајно стратегиско оправдување,за тоа. “

Додека тие тврдеа дека не се спротивставуваат на тоа да бидат „дел од глобалното решение за пандемијата на коронавирус“, демократите додадоа дека „ние прво мора да се осигураме дека градовите и болниците низ Соединетите држави можат да ги решат своите недостатоци на респиратори“.

Белата куќа во неколку наврати истакна дека секој Американец на кој му е потребен респиратор за време на пандемијата на коронавирус, ќе добие еден благодарејќи на упатствата на администрацијата за производство во приватниот сектор. Претседателот започна да ги нарекува САД „крал“ на респираторите.

„Со ваша помош“, им се обрати претседателот Трамп на вработените во фабриката на компанијата „Форд мотор“ во Мичиген во четвртокот, „ниту еден Американец на кого му требаше респиратор не е одбиен. Ниту еден “

Во своето писмо, Демократите  напишаа: „Употребата на долари даночни од американските даночни обврзници за купување и испорака на респиратори преку океанот не може и не треба да се користи како политичка придобивка“. Но, тие не дадоа докази дека Трамп го сторил тоа.

Наместо тоа, демократите побараа Белата куќа да зачува и да обезбеди документи, вклучително и „комплетните и нецензурирани налози за авионските пратки на американски респиратори до странски влади или субјекти“ и „целосно резиме на сите разговори меѓу Трамп и претседателот Путин за време на кои беше дискутирано за пратката на респираторите “.

Трамп оваа недела објави дека САД испраќаат 250 респиратори во Нигерија – повеќе отколку што САД испраќаат во Русија. Администрацијата соопшти дека до крајот на јули ќе обезбеди 8,000 респиратори на странски земји, бидејќи во САД ќе има прекумерна набавка.

 

Related posts

Leave a Comment