Македонија Политика

Демократијата е мртва! Учествувај со Родина во креирањето на изворни и праведни Македонски и глобални системи на државно уредување

 

Човештвото во моментов се наоѓа во клучен период на транзиција меѓу две големи парадигми на светската историја. Стариот свет, во кој сите ние израснавме веќе не функционира и не е по мерката на поголем дел од народите и луѓето, но е силно поддржуван од бившите центри на моќ и нивните глобални марионети кои имаат корист од неговата паразитна и деструктивна природа. Сепак, и покрај нивните жестоки напори, системот е толку затруен, изнемоштен и корумпиран така што не може и нема да трае.

Во оваа фаза, оние кои профитираат од него го покажуваат пред светот своето “блескаво” Потемкиново село, служејќи се со измама, манипулација движени од ненаситност и страв од идната одоворност што ќе ја сносат. Но, помогнати од децентрализацијата на информациите преку социјалните мрежи и независни медиуми/блогови со растот на интернетот, народите прогледаа низ лагите и викнаа, Царот е гол!

На Македонија и на сите слободољубиви народи во светот им е потребна системска промена а не козметички разубавувања со шминкање на свињата која и со усните намачкани со кармин сепак останува тоа што е, свиња. Но нема да ги смениш нештата само со борба против и во постоечкиот систем. За да промениш нешто треба всушност да изградиш нов модел кој навистина ќе го соголи постоечкиот модел како застарен.

На пример, во теоријата и праксата на државно уредување и владеење постои разлика меѓу моделите на демократија и република. И во двете форми представниците кои управуваат се избираат преку избори, но во република, како што е и Македонија, првичниот државотворен устав има дадено неотуѓиви права (кај нас на Македонскиот народ со АСНОМ) кои не можат да се менуваат по изборни резултати. Истиот е случајот и во САД каде уставот е врвен и неменлив документ како што и беше случај во Римската Република.

Но за време на последниве три децении транзициски експерименти спроведени од глобалофашистите низ светот се утврди дека тие високи идеали на слобода, демократија, устав и волјата на народите за нив се воопшто небитни и се празни флоскули за реализирање на нивниот тесен интерес.

Напротив, се лажираат избори, не се применуваат изборни програми за кои си гласал туку некои петти шести, не се почитува народна волја искажана на референдуми, и се со цел да се подријат токму тие неотуѓиви права на народите за под превезот на лажна глобализација да се укинат нациите и границите за бенефит на 0.0001% од елитата.

Подриена е основната цел на демократија, да се обезебеди дека гласачите се вклучени во политичкиот живот и дека гласате за луѓе кои потоа гласаат во вашите интереси согласно со програмите кои ги предложиле. Како што сега можеме да видиме, ова веќе не функционира.

Ниту во Британија каде елитите се обидоа да го разводнат гласот на народот на Брексит и да продолжат со вазалството кон ЕУ, ниту во Германија каде Меркел не ги праша германците дали сакаат милиони арапски/африкански мигранти, ниту пак во Македонија предавничките акти на однадвор наметната нелегитимна Хунта биле некогаш дел од изборна програма, уште повеќе, беа токму и поразени на референдум.

Македонскиот пример е срамен репрезент на она што се случува во секоја друга земја, “калцификација” на вечни некадарни “елити” во последниве децении, кои освен со политика не работеле ни еден ден во некоја професија за која ѓомити се образувале. И срамен пример дека моќта корумпира а апсолутната моќ корумпира апсолутно. Во нивната занесеност и “лидерство”, народот за нив стана небитен и дури и пречка за нивното “лидерство” и кариери. Се што глобалофашистите требаа да направат е корумпирање и компромитирање на неколку стотици (или помалку) претставници во секоја од земјите од светот, за што сега сите можеме да сведочиме дека е доста едноставно и тривијално да се направи.

Тоа може да биде спроведено така, но оцрнувањето од страна на истите тие проповедници на тие некогаш високи идеали за демократија, човекови права кои ни беа продавани нам а и на сите други земји, има и консеквенци. Веќе си го изгубил моралното право да одиш по светот и да ја продаваш истата таа “демократија” која самиот си ја оцрнил во очите на народите и граѓаните на светот. Си се соголил како глобалофашист или како локален слуга на нивните интереси а на штета на својот народ.

Затоа светот, нациите, државите и поединците се во потрага на нов модел на уредување на државата и на општествениот, политичкиот и економски живот во неа. Бидејќи било што се друго резултира во козметички промени и замена на еден дел од корумпираните елити со друг нејзин дел, најчесто уште покорумпиран.

Така централната порака на народите и поединците стана осудата на продажниот, корумпиран политички естаблишмент – од веќе ирелевантните класификации на десница, центар, левица, а всушност сите клиенти на платниот список на истите глобалофашисти.

И затоа Родина – Македонија нуди нова праведна и изворна форма на уредување и ќе ја направи Македонија глобален пример за пресликување. И затоа уште од сега Родина Македонија ги вклучува своите приврзаници и македонскиот народ во креирањето на таа нова Македонска Доктрина на управување како што и ќе продолжи да го прави тоа при примената на таа доктрина како нова власт во Македонија.

За остварување на целите за возобновување на Македонската државност Родина ќе остварува директна врска со нашите подржувачи за заедно да ја обликуваме политиката и нашата идна насока во возобнувањето на македонската државност, од нејзиниот почеток до нејзиниот успешен завршеток.

Учествувај со Родина во креирањето на новите праведни и одржливи Македонски и глобални системи на креирање политики и практицирање на власта. Придружете се со присуство на интерактивните предавања на овие и други теми директно во канцеларијата на Родина и во онлајн дискусиите за:

Родина – Економски Насоки и Цели

Родина – Политички Систем

Родина – Државна Администрација

Родина – Меѓународни Односи

Родина – Одбрана и Јавен Поредок

Родина – Здравствен Систем

Родина – Образовен Систем

Родина – Социјална Поткрепа

Родина – Земјоделие и Екологија

Родина – Семејство и заштита на детето

Итн

Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment