Свет

Дмитриј Медведев: На Русија не и требаат дипломатски односи со Западот

Време е да се затворат амбасадите и да се продолжат контактите гледајќи се еден со друг низ двоглед и низ нишан, вели поранешниот претседател и висок безбедносен функционер.

На Русија повеќе не и се потребни дипломатски односи со Западот , изјави поранешниот претседател и висок безбедносен функционер Дмитриј Медведев, отфрлајќи ги западните санкции наметнати на Москва поради инвазијата на Украина.

Медведев рече дека санкциите и дадоа на Русија добра причина да се повлече од дијалогот за стратешка (нуклеарна) стабилност и, потенцијално, од Новиот договор за намалување на стратешкото оружје (Нов СТАРТ) потпишан со Вашингтон во 2010 година и продолжен во 2021 година.

Политичка импотенција

– Не ни требаат посебни дипломатски односи… Време е да ги затвориме амбасадите и да ги продолжиме контактите гледајќи се низ двоглед и низ нишан – напиша Медведев на својата страница на руската социјална мрежа ВК.

Медведев, близок соработник на претседателот Владимир Путин и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, рече дека „прекрасните“ (санкции) на западот нема да променат ништо, се разбира“.

Москва ќе ги продолжи своите воени операции во Украина додека не ги постигне целите дефинирани од претседателот Путин како демилитаризација и денацификација, додаде тој.

– Санкциите се воведуваат поради една едноставна причина – политичка импотенција која произлегува од нивната (западна) неспособност да го променат рускиот курс – напиша Медведев.

 

Неправедна одлука

Тој ја осуди одлуката на Советот на Европа, тело за човекови права, да го суспендира руското членство како „навистина неправедна“, но додаде дека потегот е добра причина да се тресна вратата на организацијата, давајќи и на Русија шанса повторно да ја воведе смртната казна за опасните криминалци..

 

 

Related posts

Leave a Comment