Свет

Дмитриј Песков: „Секоја искра и секоја мала провокација може да има тешки последици“

Повторените предвидувања на Западот за руската инвазија на Украина се провокативни и можат да имаат штетни последици, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина и дека, иако се уште има простор за дипломатија, очекува Русија да ја нападне соседната земја во наредните денови.

„Русија постојано ги негираше обвинувањата дека се подготвува за инвазија на Украина. Путин ги игнорира изјавите на западните лидери“, изјави Песков за јавната телевизија „Русија 1“.

„Факт е дека тоа директно води кон зголемување на тензијата. Кога има максимална ескалација на тензијата, како што е сега на демаркационата линија (во источна Украина), секоја искра, секој непланиран инцидент или секоја помала непланирана провокација може да предизвика непоправливи последици“, рече тој.е Песков.

„Значи, сето ова има, или може да има штетни последици. Секојдневното објавување на датумот на руската инвазија на Украина е многу штетна практика“, додаде тој.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!