Свет

ДНР: Централната градска болница оштетена од гранатирање; Експлозија во близина на аеродромот во Доњецк, две жртви на нападот

Доњецк, експлозии

ДОНЕЦК – Централната градска болница во Доњецк е оштетена во гранатирањето на украинската армија, соопшти денеска на Телеграм Народната милиција на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

„Во нападот од позицијата на 54-та механизирана бригада (вооружени сили на Украина) се оштетени трафостаницата и централната градска болница Доњецк“, се вели во соопштението на Народната милиција ДНР, пренесува ТАСС.

Повеќе од 21.000 бегалци од републиките Донбас во изминатите 24 часа ја преминале руската граница во јужниот дел на Ростовската област, соопшти прес-службата на руската гранична служба на Ростовската област.

Претходно, Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека досега од Донбас во Русија пристигнале околу 61.000 бегалци. 

Денеска, еден цивил загина во украинското гранатирање на предградието на Доњецк, а еден припадник на Народната милиција загина, додека друг е ранет.

Експлозија во близина на аеродромот во Доњецк, две жртви на нападот

Експлозијата одекнала во реонот на аеродромот во Доњецк, а еден украински диверзант се разнел во обид да постави експлозив во реонот на железничката станица во тој град, јавија утринава руските медиуми.

Како што јави дописникот на Спутник, украинската армија веќе четврти ден интензивно ги гранатира позициите на ДНР и самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека досега од Донбас во Русија пристигнале околу 61.000 бегалци.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!