Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик најави дека во РС ќе се донесе закон со кој на припадниците на ЛГБТ заедницата ќе им се забрани влез во образовните институции.
„Значи, во градинките, училиштата, факултетите нема да можат да работат, нема да можат да пристапат, нема да можат да вршат пропаганда“, изјави синоќа Додик во интервју за прњаворската телевизија К3.
Тој рече дека тоа е „институционална одговорност на властите во РС, кои на овој начин сакаат да ги зачуваат, како што рече, „традиционалните и семејни вредности“ на луѓето во овој ентитет на БиХ.
Причина за ова е наводниот напад на хулигани врз активисти на ЛГБТ заедницата и новинари во Бања Лука, за што ги обвинија Додик и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, дека со своите ставови и изјави го испровоцирале нападот.
Нападнатите членови на ЛГБТ заедницата и новинарите беа принудени да ја напуштат Бања Лука и РС бидејќи полицијата не можеше да ја гарантира нивната безбедност.