Свет

Медведев: Украинци, прашајте ги Србите дали сакате оружје со осиромашен ураниум

Задоцнетите последици од употребата на оружје со осиромашен ураниум можат да бидат многу сериозни, затоа народот на Украина треба да размисли дали тоа го сака, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Тоа не е нуклеарно оружје во строга смисла на зборот, туку е оружје со нуклеарен отпечаток. Тој тип на оружје се користел во Југославија, нема конечна проценка (последица), ниту забрана за употреба на тоа оружје. Сепак, задоцнетите последици можат да бидат многу тешки бидејќи самите Срби, поранешни Југословени, зборуваат за значително зголемување на заболените од рак“, рече Медведев во интервју за водечките руски медиуми, вклучувајќи го и Спутник.

Како што објасни тој, јадрото на ураниум е многу густа компонента која многу добро продира во оклопот.

„Исто така, да разбереме дека во војна најважно е да се уништи непријателот, но проблемот е што од него останува контаминација. Не можеме да процениме колку е опасно“, додаде Медведев.

Сепак, според него, жителите на Украина треба да размислат за целисходноста од употреба на такво оружје.

„Мислам дека во овој момент би било добро населението, кое остана во регионите на украинската држава, само да се запраша: дали сакаат да се користи такво оружје? Впрочем, ја отвора Пандорината кутија“, истакна Медведев.

Како што додаде, полуживотот на ураниумот е 3,5 милијарди години, степенот на радиоактивност на осиромашениот ураниум е помал од вообичаеното, но постои „и на крајот сето тоа остава радиоактивна трага“.

Ако треба, руската војска ќе оди во Лавов

Зборувајќи за специјалната воена операција, Медведев рече дека ништо не треба да се исклучи и дека руската армија ќе оди во Лавов доколку има потреба.

„Тука ништо не може да се исклучи. Ако треба да стигнете до Киев, тогаш мора да одите во Киев, ако треба да стигнете до Лавов, тогаш мора да одите во Лавов за да го уништите тоа зло“, рече тој.

Осврнувајќи се на целите на специјалната операција, Медведев рече дека сите странци во најширока смисла на зборот треба да бидат протерани од руските земји и да се создаде „санитарна зона“ која нема да дозволи употреба на оружје со среден и краток дострел.

„Потребно е да се постигнат сите цели кои се поставени за заштита на нашите територии, односно териториите на Русија. Сите странци кои се таму, во најширока смисла на зборот, треба да ги избркаме, да создадеме санитарна зона која нема да дозволи употреба на секаков вид оружје со среден и краток дострел, односно зона од 70-100 километри, да ја демилитаризираме. , ако зборуваме за воената компонента“, рече Медведев.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испраќањето на ескадрила борбени тенкови Челинџер 2, Лондон ќе испрати и муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум, во Украина.

После тоа, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента.

Американските трупи користеа муниција со осиромашен ураниум за време на операцијата „Пустинска бура“, бомбардирањето на Југославија и инвазијата на Ирак во 2003 година. Како што забележуваат експертите, употребата на оваа муниција може да доведе до онколошки заболувања.

Related posts

Leave a Comment