Свет

Доналд Трамп : САД ќе ја означат Соросовата Антифа како терористичка организација

антифа

Претседателот на САД, Доналд Трамп во неделата ги објави плановите за означување на насилната левичарска група Антифа како терористичка организација.

„САД ќе ја назначат АНТИФА како терористичка организација“, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот коментираше по неколкуте денови на засилени немири во неколку поголеми градови, откако Џорџ Флојд почина како последица на прекумерна употреба на сила од офицер  додека го приведуваше.

Трамп обвини за насилство од страна на „Радикалните левичарски анархисти“, заблагодарувајќи и на Националната гарда за помошта во справувањето со немирите во Минеаполис.

Тој ги повика другите градови и држави да го сторат истото.

„Националната гарда направи одлична работа и треба да се користи и во другите држави пред да биде предоцна!“ напиша Трамп.

Претседателот се пожали дека демократите во Минесота чекале пред целосно да се распореди Националната гарда и ги предупреди другите локалци да не ги прават истите грешки.

„Градоначалникот тоа требаше да го стори уште првата вечер и немаше да има проблеми!“ заклучи Трамп.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment