Свет

Доналд Трамп Јуниор : Време е да ги вратиме нашите војници од Косово

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор , го поддржа американскиот сенатор Дејвид Пердју, кој рече дека САД треба да го преиспитаат своето присуство на Косово.

Доналд Јуниор напиша на својот профил на Твитер дека е време американските војници да се вратат дома.

“Се согласувам. Има 650 американски војници на Косово. Време е да ги донесеме дома”, напиша синот на Трамп.

Пердју порано денес  на Твитер напиша дека Приштина треба да го стори својот дел и да стави крај на даноците што се наметнати за Србија и дека доколку Косово не е целосно посветено на мирот, САД треба да го преиспитаат своето присуство таму.

Loading...

Related posts

Leave a Comment