Свет

ДОНЕЦК И ЛУГАНСК ПОБАРАА ВОЕНА ПОМОШ ОД ПУТИН

ДВА дена откако Владимир Путин го потпиша указот за признавање на самопрогласените Луганска и Доњецка народна република, пристигна и барањето за рускиот претседател.

Републиките Доњецк и Луганск испратија официјално барање до Москва за воена помош со цел да се одбие агресијата на украинскиот режим, пренесува RT.

– Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, доби писма со апели од шефот на Луганската Народна Република, Леонид Пашечник и од шефот на Народната Република Доњецк, Денис Пушилин. Шефовите на горенаведените републики, во свое име и во име на својот народ, уште еднаш изразуваат благодарност до претседателот на Русија за признавањето на нивните држави – рече тој.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!