Колумни

ДРАГАН СТОИЛОВСКИ : ЕУ и Македонија – лицемерие на домашните и надворешни политички чинители

Фотографија на Dragan Stoilovski.

ЕУ и Македонија – лицемерие на домашните и надворешни политички чинители

Секој оној македонски политичар кој се залага за отпочнување на преговори со ЕУ во овој формат, преставува отворен предавник на Македонија и нејзините национални атрибути .

Зошто е тоа така ?

Во самиот процес на проширување на ЕУ, јасно се дефинирани принципите и критериумите за отпочнување на преговори и фазите за зачленување на една држава кандидат.
Тоа се таканаречените критериуми од Копенхаген од 1993 година :

1. Политички со постоењето на правна држава;
2. Економски со либерална економија;
3. Правни со способноста на правниот систем на државата да го примени l’ Acquis Communautaire и
4. Интеграционен капацитет на ЕУ да ги прими кандидатите (2006).

Овие принципи и критериуми ја отворат вратата на државите кандидати за идно проширување .
За да една држава кандидат дојде до конечното зачленување во фамилијата на ЕУ, патот е долг, трнлив и се одвива во повеќе фази:

– Депонирање на кандидатурата;
– Статут на држава кандидат;
– Претприемна стратегија;
-Отворање на преговорите за зачленување ;
– Влегување во ЕУ со потпишување на официјален договор.

Македонија го има добиено статутот на земја кандидат од 2005 година и се наоѓа во фазата на добивање на датум за преговори , кој никој неможе да ги потврди со сигурност. ( Се однесува за северна со северен идентитет)
Се очекува на идниот самит на ЕУ со балканските држави во мај, во Загреб да се дискутира по ова прашање .

Во што е заблудата на целиот овој процес ?

Самите ЕУ критериуми се контрадикторни на визијата и на нејзиниот Устав. Во членот 49 се вели “дека секоја држава која ги почитува принципите на човечко достоинство , човекови права и правна држава може да биде кандидат “.
Применето во конкретниот случај со нашата држава, ниту еден од овие принципи не одговора на реалната ситуација .

Што се однесува пак, на самиот процес на отпочнување на преговори , Европската комисија преку свое соопштение предложи, да се примени принципот на реверзибилност ( réversibilité) кон кандидатите кои што во целост не ги применат и усвојат предложените и зацртани услови.
Тоа подразбира пак , за отпочнување на преговорите по 35 поглавја поделени во шест области , сите држави веќе членки да ги одобрат резултатите од истите. Во случај на спротивставување на една или повеќе држави членки, тогаш преговорите и поглавјата се стопираат и ќе мируваат додека не се изнајде решение. Што е уште потрагично за државата кандидат ( с…Македонија ) е тоа што и веќе заклучените поглавја можат повторно да се вратат и да бидат отворени.

ТУКА лежи зајакот и заблудата на сите оние политичари кои се радуваат и го поздравуваат нашето отпочнување на преговори со ЕУ.

Знаејќи го односот и третманот на нашите “добрососедски “ ЕУ држави кон Македонија, Македонецот и националните вредности а веќе и официјално потврдени преку северна со договорот од Преспа и оној со Бугарија , може слободно со сигурност да се заклучи дека , Македонија и Македонецот НИКОГАШ нема да бидат примени како такви во Европската Унија.

Со секое наше противење на било која идна “патриотска” влада на северна во ЕУ , автоматски се доаѓа до судир со фашистичките аспирации на нашите соседи и замрзнување на преговорите.

Во квалитетите и добронамерноста на “северните” и ЕУ бирократи , се уверуваме од ден на ден со буквалното бришење на македонското име како во прозата и поезијата , така и во правната сфера.

“Името ни е големо, ќе сакат да ни го одземат “ како домашните така и надворешните политичари.

Не Европска Унија , не сев……а!
Македонија на Македонците !

Драган Стоиловски

Loading...

Related posts

Leave a Comment