ФБ Статуси

Д-р Јадранка Бибан : Ако било која приватна болница навистина има лек за некого а заради пари не го лекува, под итно треба да ја изгуби дозволата за работа!

ПАРИ ИЛИ ЖИВОТ?!
Читам по фејсбуков умираат луѓе зашто немале пари да се лекуваат во приватни болници кои имале можност да лекуваат ковид а и некои други болести… Па луѓето се организираат во собирање пари што е многу тешко и обично задоцнето…
Да почине барем еден човек во сопствена држава заради немање пари за лекување е крајно недозволиво.
Ако било која приватна болница навистина има лек за некого а заради пари не го лекува, под итно треба да ја изгуби дозволата за работа!
Кога јас како доктор би работела во било која приватна болница и ако знам дека таа навистина има лек за некого а тој пациент е без пари и во животна опасност, не постои газда кој ќе ме спречи да му пружам професионална помош на пациентот. Па после ќе се расправаме со газдата ако треба се разбира на помош ќе ја повикам и лекарската комора која ќе има должност лично да ме заштити.
Е така се работи во една социјална држава!
Но ако се работи само за реклама на “спасоносен лек” кој за пари може да се добие во приватната болница а го нема во јавно здравство, тогаш исто така тоа треба јавно да се каже и од здравствените власти и од вработените лекари во приватните болници, за да не се ставаат пациентите во заблуда дека со пари ќе се спасат себеси или своите блиски!
Со пари здравје не се купува!!
Д-р Јадранка Бибан

Loading...

Related posts

Leave a Comment