Свет

ЕВАКУАЦИЈАТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД КИЕВ Е ВО ТЕК! Русите помагаат – Министерството со јасна изјава за цивилите

РУското Министерство за одбрана ги повика украинските цивили да се евакуираат од Киев.

Тие можат да го сторат тоа по автопат до Василково, град на 20 километри југозападно од главниот град, се вели во соопштението, во кое се додава дека „овој пат е отворен и безбеден“.

Министерството додаде дека Русија „напаѓа само воени објекти“ и инсистира на тоа дека цивилното население нема да биде загрозено.

Поканата пристигна пред разговорите меѓу украинската и руската делегација во Белорусија.

Во јавното обраќање од Киев, претседателот Владимир Зеленски рече дека има мали очекувања од преговорите. Неговата земја нема намера да се предаде, додаде тој.

Претходно, украинската влада им подели огнено оружје на цивилите, ги ослободи од затвор криминалците со воено искуство и ги повика луѓето да подготват запаливи бомби за борба против руските војници.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!