Став

ЕВО МОРАЛЕС: НАТО и Америка се виновни за ситуацијата во Украина(ВИДЕО)

Ex-President Evo Morales fears civil war in Bolivia

Причината за ситуацијата во Украина е политичкото проширување на НАТО под водство на Соединетите Американски Држави, изјави поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес во интервју за Спутник.

„Конфликтот не ме загрижува само мене туку и целиот свет. Убедени сме дека воената конфронтација не е решение. Но, во исто време мора да се видат причините за тој проблем, зошто дојде до таква ситуација меѓу Русија и Украина“, рече Моралес.

„Боливија, според Уставот, е мирна земја, антиимперијалистичка земја, не прифаќаме институциите со воена стратегија да користат политика на експанзија , интервенција, како што НАТО работи под водство на САД, т.е. проблемот“, додаде тој.
Поранешниот претседател на Боливија најави дека ја разгледува можноста за покренување меѓународна кампања против НАТО .
„Во последните два дена разговарав со лидерите во Латинска Америка со цел да започне меѓународна кампања за НАТО да знае како да ја почитува територијата, суверенитетот и независноста на земјите. „Кампања дека НАТО е опасно за светот и глобалната безбедност“, рече Моралес.
„Ако ништо не се преземе со НАТО, таа организација ќе се претвори во постојана закана за човештвото“, подвлече Моралес.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!