Свет

Европа се подготвува да ги затвори границите до есен : Макрон најавува долг период на изолација

Границите на земјите членки на Шенген-зоната може да се затворат барем до есен, рече францускиот претседател Емануел Макрон на затворената видео конференција со лидерите на француските синдикати.

Како што е наведува, Макрон е песимистичен кога станува збор за коронавирусот и смета дека Европа треба да се подготви за долг период на изолација.

Францускиот лидер објасни дека постои можност да се преземат вакви мерки заради разликата во ширењето на епидемијата во различни европски и светски региони.

Исто така беше објавено дека Макрон ќе и се обрати на нацијата во понеделник, 13 април. Веројатно, во таа пригода ќе објави до кое време ќе се затворат границите, вклучително и оние меѓу земјите на ЕУ.

Шефовите на држави и влади на ЕУ, во средината на март донесоа одлука  да се забрани влез во Европа, поради влошената состојба со пандемијата. Забраната требаше да важи еден месец.

Скоро 1,7 милиони луѓе се заразени ширум светот досега. Најголем број заразени лица има во САД, но во однос на вкупниот број заразени и смртни случаи, Европа сериозно ги надминува сите други региони во светот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment