Македонија

Единствено нешто во кое, скоро стоодсто сум сигурен, е дека, оќоравената војска на Самоил е Македонска! – Владо Јовановски

 

Цар Самоил имал тројца браќа,
Давид, Мојсеј и Арон.
Значи, Самоил, Давид, Мојсеј и Арон,
Исто како што старозаветниот пророк Мојсеј,
имал тројца браќа…
Самоил, Давид и Арон.
Значи, Мојсеј, Самоил, Давид и Арон.
Чудна “случајност”!
За Цар Самоил, некои велат дека бил Ерменец…
Ерменец или Арамеец (народот кој го говорел јазикот што го говорел Христос – Спасителот), јас не знам?
Но, сега е полесно…
За такви дилеми сега, нека си ја к’цат главата, Ерменците, Арамејците , Бугарите и сите кои претендираат на него, дека е нивни Цар.
Нивна работа…
Нас пак, лесно ли ни беше, што со векови го славевме како НАШ…?!
А?
Лесно ли ни беше…?

Единствено нешто во кое, скоро стоодсто сум сигурен, е дека, оќоравената војска на Самоил е Македонска!
Гарант.
Барем за 99 од 100 војници во редот, тврдам дека биле Македонци!

“Пред фактите и вистината и Боговите молчат”!

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Related posts

Leave a Comment