Свет

Еквадор сигурен дека основачот на Викиликс нема да биде екстрадиран во земја каде што тој може да се соочи со смртна казна

 

 

Еквадорските власти изразија сигурност дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земја каде што се практикуваат тортура и смртна казна, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на Еквадор во четвртокот.

“Министерството за надворешни работи објави гаранции што Обединетото Кралство му ги обезбедило на Еквадор дека Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде што може да се соочи со смртна казна или да биде подложен на тортура”, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на министерството.

Оваа изјава беше објавена пред првото продолжено сослушување околу екстрадицијата на Асанж ,,по барање на САД,, во лондонскиот суд за прекршоци во Белмарш, закажан за петок.

Асанж го основа порталот Викиликс во 2006 година за да објавува доверливи информации за активностите на голем број влади, вклучувајќи ги и оние на САД. По обвиненијата за вознемирување и силување против него во Шведска во 2012 година од страна на две жени, Асанж побара засолниште во лондонската амбасада во Еквадорза да избегне екстрадиција во САД, каде што непрекинато  мина речиси седум години. Во април, властите на Еквадор го повлекоа својот азил, лондонската  полиција веднаш го уапси поради тоа што не се појави на суд по налогот од 2012 година, како и во согласност со барањето за екстрадиција испратено од Вашингтон до британските власти во 2018 година.

На 1 мај, Асанж беше осуден на 50 недели затвор поради кршење на условите за  кауција во Велика Британија.

Ако основачот на Викиликс е екстрадиран во САД, тој може да биде осуден на 175 години затвор за хакерски активности, според обвинението на Министерството за правда на САД. Одбраната на новинарите претходно изрази загриженост дека Асанж може да се соочи со смртна казна во САД.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment