Свет

ЕКСКЛУЗИВНО : „Некласифицираниот“ список на Рик Гренел, за „рушење на ДЛАБОКАТА ДРЖАВА”

Richard Grenell vjen të enjten në Kosovë - Bota Sot

Поранешниот вршител на должноста директор на национална разузнавачка служба Ричард Гренел во вторник ќе ја превземе должноста постојан директор на националното разузнавање (ДНР) откако во Тексас ќе положи заклетва  пред републиканскиот претставник Џон Ратклиф.

Иако тој ја водеше канцеларијата на директорот за национално разузнавање (КДНР) само три месеци, американските разузнавачки официјални лица за порталот „Дејли Колер“ изјавија дека Гренел дал приоритет на дузина иницијативи кои ја реструктуирале разузнавачката заедница и, според зборовите на Трамп, му дале можност да „ја растури Длабоката Држава“.

GRANSEE, GERMANY - JULY 06: U.S. Ambassador Richard Grenell (C) attends a reception for the internaitonal diplomatic corps hosted by German Chancellor Angela Merkel at Schloss Meseberg palace on July 6, 2018 near Gransee, Germany. Grenell, who was appointed ambassador by U.S. President Donald Trump, recently met with German auto executives to propose a cancelleation of tariffs on cars by both the U.S. and Germany. (Photo by Sean Gallup/Getty Images)

ГРАНСЕ, ГЕРМАНИЈА – 06 ЈУЛИ: Американскиот амбасадор Ричард Гренел (Ц) присуствува на приемот на меѓународниот дипломатски кор чиј домаќин беше германската канцеларка Ангела Меркел во палатата Шлос Месберг на 6 јули 2018 година во близина на Гранси, Германија. (Фото: Шон Галуп / Гети)

Гренел – лојален на Трамп, уште од кампањата во 2016 година – беше толку ефикасен на неговата привремена позиција што претседателот го нарече „суперѕвезда“. (ПОВРЗАНА ВЕСТ: Високи официјални претставници на Разузнавачките служби го критикуваат писмото на Адам Шиф до директорот Ричард Гренел, вршејќи му притисок за промени во персоналот на КДНР)„Тој имаше храброст да го стори она што го направи“, рече Трамп во интервјуто што се емитуваше во неделата. „Ако погледнете убаво, ќе сфатите што направил Ричард Гренел за осум седмици, нешто што овие луѓе не направиле ниту за две и пол години“.Она што следува е сеопфатен список на „некласифицирани“ активности што Гренел ги презеде додека ја надгледуваше канцеларијата на НР, како што објаснија за „Дејли Колер“ високи разузнавачки службеници кои од близу се запознаени со неговата работа во рамките на администрацијата.

„Длабока држава“ – Намалување и реструктуирање на КДНР

Од првиот ден на неговото работење, Гренел даде приоритет на „чистење на куќата“ во КДНР за да ги отстрани протекувањето на информации од разузнавачката заедница и да го намали преклопувањето на активностите на агенциите со цел да ги насочи ресурсите на КДНР кон приоритетите на Трамп. Тој заштеди околу 19 милиони долари преку елиминација и консолидација на ресурсите на владата и на добавувачите.

–          Воведе замрзнување на вработувањата во март;

–          Елиминираше 200 надворешни соработници, што претставува 15% од вкупните надворешни соработници;

–          Елиминираше 100 огласени работни позиции, пред повеќе од 18 месеци;

–          Отстрани 10 владини и позиции за надворешни соработници во рамките на дирекцијата за национално безбедносно партнерство (ДНСП);

–          Ги намали трошоците за 15 проценти во Националниот центар за борба против тероризмот (НЦБТ) со елиминирање на активностите кои се преклопувале во рамките на центарот; ја назначи првата жена, Лора Шиао, да го води НЦБТ;

–          Ја воведе позицијата Извршен директор за економска и финансиска безбедност, позиција одговорна за координирање и водење на економско безбедносните и финансиски акции поврзани со разузнавањето;

–          Спои повеќе од 4 канцеларии поврзани со компјутерски активности во единствен, унифициран американски извршен центар;

–          Креираше Работна група одговорна за заштита на чувствителните информации за државата;

–          Го назначи Нил Вили, професионалец во службата за разузнавање со искуство од повеќе од 35 години на функцијата директор на КДНР.Руската истрага и Мајк ФлинКако што наведе Трамп, Гренел објавил повеќе информации во врска со истрагите за Русија за период од три месеци отколку што тоа го сторила КДНР за период во две и пол години пред Гренел да ја превземе функцијата. Тој исто така преработи одредени процедури за разузнавачката заедница за да ги заштити граѓаните од евентуалните идни злоупотреби од страна на владата.

–          Ја насочи разузнавачката заедница да го промени начинот на кој тие ги штитат идентитетите на американските граѓани содржани во разузнавачкото известување;

–          Ја заврши ревизијата на 53 записници од истрагата на Комитетот на Комората за разузнавање за наводното руско мешање во изборите во 2016 година и ги направи записниците јавно достапни;

–          Ги декласифицираше претходно преработените фусноти во извештајот на Генералниот инспектор од Министерството за правда и јавно ги објави оригиналните;

–          Го декласифицираше списокот на владини службеници кои барале демаскирање на советникот за национална безбедност Мајкл Флин;

–          Ја назначи КДНР наместо ФБИ како примарна група одговорна за брифинг на претседателските кампањи за информации добиени од националното разузнавање;

–          Ја декласифицираше електронската пошта на поранешниот советник за национална безбедност Сузан Рајс испратена сама на себе во врска со дискусијата која се водела во Овалната соба во јануари 2016 година, а се однесувала на напредокот во истрагата со Русија;

–          Декласифицираше дополнителни записници во посед на КДНР со потенцијал за јавно објавување од новоназначениот директор на националното разузнавање, Џон Ратклиф.

Покрај тоа што ја испразни позицијата на директор на национално разузнавање, Гренел во текот на викендот најави дека ќе се повлече од функцијата амбасадор на Соединетите држави во Германија, позиција на која што работеше две години. За време на своето работење во Стејт Департментот, тој успешно изврши притисок врз Германија да го зголеми своето годишно финансирање за одбрана во НАТО алијансата, повика на целосна забрана на Хезболах и го блокираше трансферот на повеќе од 300 милиони долари од германските банки накај Иран по повлекувањето на Трамп од Заедничкиот Сеопфатен План за Акција.

Ниту Гренел, ниту Белата куќа веднаш не одговорија на сознанијата на „Дејли колер“ во врска со Гренел дека ќе добие нова позиција во рамки на администрацијата.

Извор dailycaller

Loading...

Related posts

Leave a Comment