Европа

Екс-премиерот на Италија Конте: Барањето на Украина за влез во НАТО може да ги вовлече сите земји-членки во конфликт

Italy's Giuseppe Conte tells populist leaders: 'Stop fighting or I'll quit'  - BBC News

Лидерот на италијанското Движење 5 ѕвезди, поранешниот италијански премиер Џузепе Конте предупреди дека барањето на Украина за влез во НАТО може да ги вовлече сите земји-членки на НАТО во конфликт, пренесува АНСА.

Заедно со ова, Конте и замери на целата меѓународна заедница и, пред сè, на Европската унија за одолговлекување и неподготвеност да се направат дипломатски напори конфликтот да се насочи кон преговори.

Поранешниот италијански премиер смета дека стратегијата што ја следат европските земји води кон уште поголема ескалација. Оваа ескалација, според Конте, „е во опасност да излезе од контрола“.

Да потсетиме дека на 30 септември Зеленски објави дека Украина забрзано аплицира за членство во НАТО. 

Сепак, генералниот секретар на воената асоцијација Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел рече дека во моментов Украина нема да биде примена во НАТО .

Related posts

Leave a Comment