Свет

Електорите во САД ја потврдија победата на Џо Бајден

тажно, избори, скитник, баден

ВАШИНГТОН – Електорите од 50 американски сојузни држави денес официјално ја потврдија победата на Џо Бајден на претседателските избори одржани на 3 ноември, објави Си-Ен-Ен.

Победата на Бајден беше официјализирана кога во Сакраменто беше објавено дека Бајден ги добил сите 55 изборни гласови во Калифорнија. На тој начин тој ја премина границата од 270 изборни гласови, неопходни за победа на претседателските избори.

Врз основа на проекциите во медиумите, Бајден освои 306, а сегашниот претседател Доналд Трамп 232 изборни гласови.

Дека нема да има изненадувања за време на изборното гласање беше јасно уште во текот на денот, кога државите во кои Трамп побара пребројување и иницираше бројни судски постапки – Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Пенсилванија и Висконсин – ги дадоа гласовите на Бајден.

По денешната поделба на електорските гласови, останува Конгресот да го потврди тоа на 6 јануари. Тоа е последната надеж на Трамп дека тој сепак може да остане во Белата куќа, бидејќи републиканците во Сенатот, каде го имаат мнозинството, најавија дека можеби нема да го прифатат извештајот за изборните гласови.

Дури и да се случи тоа, сосема е сигурно дека тоа нема да биде прифатено од Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, па сега може да се каже дека е сигурно дека Бајден и официјално ќе ја преземе функцијата од Трамп на 20 јануари.

Loading...

Related posts

Leave a Comment