Политика

Елизабета Матевска: Ќе инсистирам никаде во општината Аеродром, да не се содржи погрдната придавка, северна!

СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ, ДА СИ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО И НАЦИОНАЛНОТО И КВАЛИТЕТНО СЕКОЈДНЕВНО БИТИСУВАЊЕ

По вокација архитект, со долгогодишно работно искуство во повеќе сегменти на струката. Професијата, воглавно ми ја определи големата наклоност кон уметноста, но си остана мојот непресушен интерес за читање од класика, белетристика, езотерија итн. Од аполитична (покрај силниот набој на семејно традиционално родољубие), како што ретко кој од нас остана рамнодушен кон предавствата кои ни се случуваат, едноставно се најдов во виорот на отпорот со неколкугодишно активно непрекидно делување во најразлични заложби.

Активистка во Капмусот, Слободната територија на Македонскиот народ, собирње на потписи за најразлични цели, Народна петиција против промена на името; Жалба до ОН за човекови права во Женева; Изјави-Не во мое име; Декларација за црвените линии на македонскиот народ предадена во МАНУ, директно на јавната трибина за Преспанскиот монструм ; протести, собири, дебати, маршеви. Организатор и учесник на два Конгреса на Македонскиот народ, од кои, вториот во Манастирот Св Ѓорѓи во Неготино, под покровителство на Владиката Агатангел, од кој произлегоа неколку народни резолуции испратени до претседателите Путин, Трамп,Си Џипин, ОН, амбасади итн .

Како активен член на партијата Родина и дел од Претседателството на Родина Македонија, ја сконцентрирав мојата борба, но под истата парола, ‘‘Враќање на правото и достоинството на Македонскиот народ во сопствената татковина‘‘. Како кандидат, носител на советничка листа на престојните локални избори, во општината Аеродром, во целост ќе се заложам за чесност и исполнителност во обврските. Како прво и основно, писмено ќе се изјаснам, сите документи, работни материјали, кои ќе ми бидат доставувани да бидат на македонски јазик со кирилично писмо. Посебно, со мое лично инсистирње, никаде да не се содржи погрдната придавка, северна!

Моето лично согледување на Општината Аеродром од аспект на мојата професија архитект, но и како жител, за жал, од најмлада општина во градот Скопје, по изгледот и содржината, во секој сегмент станува хаотична и руинирана, несредена, нехигиенска. Првичната идеа на дел од градот (Јане Сандански, Ново Лисиче) со базна идеа на примерно современо живеење со широки плочници, зеленило, планска оддалеченост на објектите, потребна инсолација на хабитатот, потребен број на училишта, градинки, услужни центри итн, во целост е нарушена со ‘системот‘ на градба на место на постоечки објект (разработена шема на градежната мафија).

Нешто што во целост ја наруши рамнотежата на населеност и оптеретеност во секој аспект. -Непримерната територијална поделба (целно зголемување на бројот на албански општини) донесе до измешаност на урбани и рурални средини, наспроти препораката, секако на штета на руралните, кои се во голем процент застапени во сите општини, така и во општината Аеродром, тоа се селата Горно и Долно Лисиче. Разрешување на состојбата на локалниот пазар, во соработка со сопственичката фирма. –

Мора да се истакне за актуелното реновирање на плоштадот во ТЦ ‘‘Бисер‘‘, секако дека беше потребно, но да се започне со активност еден месец пред избори е навистина многу сомнително и е предмет на многу прашања. Што треба да се направи во општината Аеродром. -Инсистирње на транспарентна информираност за новиот ГУП на град Скопје (2022-2032 година), во делот на општината Аеродром, но и воопшто, информација за проектната програма и навремени потребни согледувања и интервенции, со учевство на компедентни стручни лица, постапки од кои ќе произлезе новиот ДУП но и согледување на предлозите од граѓаните. -Како главен проблем е загаденоста на општината, посебно на воздухот, во кој скоро да нема никаков напредок во последниве децении!

Проблем на ноќно горење на загадувачки материјали во целиот период на годината, посебно во зимскиот период. -Спроведување на беспрекорна хигиена на плочниците, парковите и зеленилото. -Континуирано чистење, редовно отстранување на отпадот од лисја и сува трева, отсек на несредени грмушки и обраснати дрвја окулу корените како извор на собирање на отпад. -Трајно решение со кучињата слободни, но и со отпадот од домашните миленици, грда слика на секој чекор. -Решавање на преполните шахти и сливници, кои шират непријатна реа. -Заштита од енормна бучава, која го загрозува психичкото здравје на населението, строги контроли и постапки според законот.

Аеродром е Општина со премногу обложувалници и коцкарници, на секој чекор, верувајте немам информација дека постои библиотека, можеби книгите се ерес!? – Нехигиената окулу контејнерите за отпад е крајно загрижувачка и непримерна, посебно окулу трговскиот центар Бисер, но и другите локални ценртри, редовна слика на нехигиена и смет! – Неодложно заживување на урбаните и месните заедници, посебно на месните како база на суштинско иницирање и решавање на горливите проблеми во руралните средини. -Пункт за против пожар кој е неопходен за брза интервенција. Целосно планското решение на проблемите на состојбите во Општината Аеродром се образложени во програмите на Родина, за општините и за градот Скопје, во електронско издание на страната на Родина Македонија.

На 17-ти октомври заокружете го бројот 17!

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!

Related posts

Leave a Comment