Колумни

ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВА МАТЕВСКА-РОДИНА МАКЕДОНИЈА : ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ЗАПОЧНА ОД МАКЕДОНИЈА ОД ВЕЛИКИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ЗАПОЧНА ОД МАКЕДОНИЈА ОД ВЕЛИКИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ,

дали таа ќе го смени насилно демонстрираниот хегемонистички правец, насочувајќи го кон нејзиниот изворен хуманистичко просперитетен модел на взаемно почитување на народите.

Се поставува логично прашање, дали грото светско население се уште не сфаќа дека ширењето на пандемијата на коронавирусот  ковид 19, на планетава,  системски го менува светското општевствено уредување . Индициите не се јасно дефинирани  во кој правец ќе бидат сериозните промени, а не е за занемарување  дека тие  во голема мера ќе зависат  од конкретните активности на    суверенистите, наспроти загрозените глобал-либерал-капиталисти.

Со едноставни зборови коронавирусот го стопира развојниот процес на глобализацијата и го стави на масата на преиспитување на нејзината системско суштинска агенда.

Според  извори на Webtribune во една спроведена анкета, своето еминентно мислење го изразиле повеќемина авторитети од различни области од повеќе држави од светот, САД, Европа, Индија , Азија.

Повеќемна од нив, грото, сметаат дека е повеќе од неминовен, извесен но и  сериозно  е потребна  измена на   светскиот општевствен  систем.

Со тоа да, човештвото ќе се  оддалечува од досегашниот наметнат курс на општиот глобализам кон сигурен курс на затворање на државите  во своите национални граници. Дури се оди до такви коментари од типот дека коронавирусот е некој тип на есенција на  новиот општевствен систем но и смртоносен за  глобализацијата воопшто.

Пандемијата од ковид 19 може да биде вистински активатор за рушење на економската глобализација. (Роберт Ниблет, од Кралскиот институт ВБ)

Некои сметаат дека одењето во затворени држави ќе не однесе во свет на поголема сиромаштија  и посуров мал  свет. ( Сившанкар Менор  екс советник за национална безбедност во Индија)

Други пак сметаат дека глобализмот ќе остане, само ќе се замени приматот, односно центарот од САД би преминал во Кина, поради тоа што Вашингтон се покажа како лош водач или пак и двете веле сили ќе партиципираат во лидерството. ( Кишор Махбубани експерт од националниот институт во Сингапур)

Дури и Хенри Кисинџер, ( Atlantik ) најави уште 2014 год и Бен Роудс( светник на Барак Обама)  говорат за  неминовна промена на светскиот општевствен систем,  некако пост фестум признание  и  дека полицентричниот систем е во сериозен развоен  процес.

Како ќе се одвива целокупната транзиција, засега не е во целост јасно,  но повеќе од извесно е дека пандемијата од корона вирусот не донесе  ништо ново во поглед на еволуцијата, менувањето на општевствениот систем, како неминовен  процес. Таа само послужи како катализатор, го забрза и онака започнатиот процес кој наголемо беше во тек како импликација на  тоа што Америка како победник во студената војна,  не сакаше тоа да  признае на веќе сериозната недоверба на населението кон тамошните елити, кое во целост го раздрма целокупниот воспостравен систем.

Така да западните држави ќе се соочат со сериозен предизвик на преиспитување на фундаменталните прашања и неизбежната радикализација на драстични промени  во целиот структурален систем,  се до намалување на привилегиите на најбогатите, нешто што самите си го воспоставија со глобалистички наметнатиот систем. Последователно и го ставија во знак на  прашање опстанокот на нивниот тн  либерал капитализам,  незаслужено воспоставен на педесталот  како највисок дострел на демократијата и економскиот развој. А всушност целокупната база е поставена на остварување на профит кој воглавно е добивка на малубројните елитисти а како пандан на тоа реплицира  евидентна  сиромаштија, но и силен антагонизам од  подолните, средна и ниска класа население, класна нетрпеливост, но и класно освестување.

Во целост се докажа дека  само цврсто уредените држави базирани на здрав функционален систем можат да се носат со предизвиците на новото време. Катаклизмата наречена ковид 19, без разлика дали е последица на природно створен вирус или наменско биолошко оружје, не се однесува само на здравството  туку и на целосниот геополитички систем. Прави целосна динстинкција на тие кои се носат со оваа криза, Кина и Русија, наспроти оние кои буквално се поразени и се принудени пред целиот свет јавно да признаат дека не се во состојба да бидат светски лидери, да водството ќе мораат да го делат со другите . Односно светот ќе се сврти и соработува со оние кои систематски успеваат да се соочат и борат со проблемите кои наидуваат.

Во западните држави неизбежен е и економки шок и силен стопански  потрес, како оној од 2008 или како ‘Големата депресија‘, наспроти Русија која на некој е заштитена со санкциите кои и ги наметна западот, така да таа е економски спремна како никогаш досега историски гледано,  а Кина многу ефикасно се соочува и со епидемијата  и економските последици ќе бидат полесно пребродливи.

Значајно е што Кина и Русија  несебично демонстрираа сериозна загриженост кон целиот свет како никој досега  и одржаа лекција од морал, сочувствителност, солидарност, емпатија, алтруизам,  нешто што западот никогаш го нема покажано, така што го превзедоа моралното лидерство во светот!

Досегашното силно влијание на САД врз ЕУ едноставно избледува и го губи значението.  Многу јасно се изрази неслогата во НАТО партнерите, отимањето на медицинска опрема пред очите на светската јавност што недвосмислено укажува на начнатост и дезинтеграција  на довчерашните сојузници и губење на довербата и потребата за нивна кохерентна соработка  која станува драматична во овакви моменти.

Сведоци сме на пукањето на и онака пренадуениот меур шенген, кој пукна со појавата на вирусот во ЕУ државите Италија,  Шпанија, Франција  и доведе до самоизолација,  затварање на границите со брзина на светлината. Така да сите ЕУ  но и европски држави претежно се оставени на сопствените ресурси  засновани на сопствените национални интереси.

Но уште позачудувачки е  сечењето на ‘папочната врвца‘  САД –ЕУ со забрана на летови од ЕУ кон САД  и обратно што неминовно ќе има за последица  радикална ревизија на нивните идни меѓусебни односи. Имено, неминовни се радикални промени и сериозна ревизија  на односите ЕУ-САД. Секако не заобиколно и многу значајно  е и не давањето помош од ЕУ на Италија во тешката состојба во која таа се најде, кога  во сериозно тешките моменти остана изолирана и напуштена од сојузниците, наспроти сесрдната  хуманитарна-санитетска-медицинска помош од Кина, Русија, Куба.

Паролата во мака на пријателот се помага, не важи за државите кои до вчера беа најсупериорни во многу сфери, но паднаа на првиот испит на солидарност и емпатија, хуманизам, помош и соочувството а тоа се состојби кои никој никогаш нема да ги заборави и секако се дел и база за сите понатамошни разврски меѓудржавни, глобални, системски но и општевствено глобални драстични промени.

Војните и пандемиите  се испит за нациите. Тие кои ќе преживеат, одат понатаму. Прашањето останува отворено.

Со оглед на тоа што западот, како од Р Македонија така и од останатите држави од Балканот, од нив наменски наречен Западен Балкан, направи своевиден меѓународнен отпад воведувајќи по своја мера тн посебен општевствен систем ‘стабилократија‘, која сама по себе е основа за тотален поданички етаблирн систем.

Многу јасно е дека оваа криза и за нас е многу полезна, но само ако знаеме правилно да ја дефинираме но и искористиме актуелната состојба. Сега во сериозен знак прашање на опстанок мора да се стават и левата и десната политичка страна но и расчистување со нивните поданичко предавнички политики. Затоа е пред се‘ потребно е цврсто да ја поставиме базата, фундаментализирање   на нашите национални приоритети, да ги насочиме нашите интереси кон тие кои не респектираат и уважуваат, наспроти нездравото и неоправдано  фаворизирање на НАТО  и ЕУ  кои покрај тоа што морално и идентитетски не избришаа  воедно и се последни на списокот на морална и секаква помош кон РМ во овие кризни моменти.

Дали старо новото време на непримерниот вид на  глобализмот и хегемонијата минува и колку бргу ќе отиде во историјата зависи од многу фактори а прв индикатор и  каписла е  коронавирусот  но  секако зависи од активностите и ангажираноста на суверенистите, антиглобалисти. Тоа е активна борба која сега има поголеми и сериозни шанси да надвладее и за го забрза тој процес кога хегемоните, олигарсите, глобалистите се во целост разголени и веќе нездраво е да се верува во нив, без разлика што поантаму нудат, пласираат .

Доаѓа времето на нов приод на размислување!

Стариот геноциден антихуман приод на осознавање на вистината завршува на светската сцена!?

Тука, актуелно како народ македонски сме помеѓу најзагрозените, искористени  како модел за експеримент, жртва, експериментално ткиво,  врз кој  се спроведува милениумско сукцесивно бришење, на еден стар народ. Експеримент кој ако покаже дека тука ќе има успех, секако елаборирано потврда ќе има секаде. Затоа и токму тука во Македонија, се спроведува овој менгеле систем на бришење на идентитет  и стварање на смеса од безидентитетски индивидуи.

Сега  актуелно, и притснати во непримерно и предимензиониран карантин со воведување на вонредна состојба во државава која ги надминува сите потребни заштитни  активности, наспроти превземените заштитни мерки во државите воопшто. Мерки кои во целост ја загушуваат економијата и ќе не донесат во тотален економско финансиски крах, но и последователна зависност не случајно  воспоставена.

Но најзначајно е што македонскиот народ го препозна навремено, го осозна  геноцидниот монструозен план на хегемонот,  го отфрли и застана на страната на одбрана на суверенитетот и интегритетот на македонскиот идентитетски код. Одважно и достоинствено кажа  НЕ за промена на името, историјата и влез во сега веќе до крај разоткриените НАТО  и ЕУ,  на референдумот на 30 септаември 2018г .

Доаѓа време на хуманизмот, периодот на зародишот на ерата  на  Водолијата, кој сам по себе означува нов духовен, хуманистички пристап,  се отвара ли  големата  врата на човештвото…

Да бидеме доблесни, исполнителни, креативни, со силна воља во реализацијата на спроведување на она што е сериозно и исклучително важно за опстанокот на државата и нацијата.

Да зададеме сериозен удар на деструктивните субверзивни воспоставени политички практики од квислиншко-колаборационистичките  елитисти, медиокритети, преку наше интегрално настапување со приод и реализација на база на нашето исконско историско духовно наследство преку нашата искуствена историја. Да бидеме вистински апологети на се она што на македонскиот народ му припаѓа, како  од времето на Великиот Александар Македонски, преку Кирил и Методиј, Комитите, Војводите, Револуционерите, се до ден денес.

Да го заштитиме  она што по потекло  ген, морал ни припаѓа само нам на македонскиот народ ,  како  вистински егземплар !!!

Бидете дел од Родина Македонија.

Борете се за Македонија.

Борбата за Македонија никогаш не смее да престане!!!

Колумна –анализа на Елизабета Чингарова Матевска, член на претседателството на Родина Македонија

Loading...

Related posts

Leave a Comment