Свет

ЕРДОГАН ГО КРШИ ДОГОВОРОТ ОД МОСКВА : ТУРСКИ КОНВОИ СО ОРУЖЈЕ СЕ ДВИЖАТ КОН ИДЛИБ(ВИДЕО)

Турција продолжува да испраќа оружје до сириски Идлиб.Така, денес голем број турски воени конвои влегоа во оваа сириска провинција.

Ситуацијата во регионот на сириската провинција Идлиб се влоши на 27 февруари, кога милитантите од терористичката група Хајат Тахрир ал-Шам ги нападнаа сириските позиции во близина на населбата Бехун. Како одговор, 33 турски војници беа убиени во воздушен напад од страна на сириската армија, која, според Анкара, не требало да се наоѓа таму. Руската страна презеде чекори со цел целосен прекин на огнот од сириската страна и обезбеди евакуација на загинатите и повредените. Потоа, Турција го најави почетокот на копнените и воздушните напади на позициите на сириската армија.

Официјална Анкара го опиша нападот како напад врз НАТО и повика на консултации на ниво на амбасадори на земјите членови на алијансата. Вашингтон истакна дека  ја поддржува Турција како свој сојузник во НАТО.

Loading...

Related posts

Leave a Comment