Регион

Ердоган предупредува од Белград: Не ја потценувајте Русија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Белград предупреди дека Русија не треба да се потценува и ја критикуваше политиката на поттикнување на Западот, која не може да доведе до решение.

Ердоган на прашањето кој е виновен за тешката ситуација во Европа и како може да се надмине таа ситуација, рече дека Турција секогаш водела балансирана политика кон Русија и Украина и ќе продолжи да го прави тоа.

„Не морам да споменувам имиња, но има неколку земји на Запад за кои мислиме дека нивниот пристап не е иаправен. Водат политика заснована на поттикнување. Кога водите политика на провокација, не можете да постигнете резултати“, објасни тој.

Тој посочи дека не може да се именува победникот од таа војна, бидејќи нема, туку само голем број на губитници.

Тој рече дека не се гледаат резултати од приказните на оние кои велат дека ја поддржале Украина со голема сума пари.

Во врска со испораката на муниција и оружје, Ердоган рече дека тоа се остатоци испратени од Западот.

„Не можам да кажам дека Русија е победник или Украина, но досега следевме одредена политика и се обидуваме да ги видиме начините и да разбереме дали оваа војна може да заврши наскоро. За жал, гледам дека тоа не е можно“, рече тој.

Тој на заедничката прес-конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека грешат оние кои ја потценуваат Русија, јави Танјуг.

„Русија престана да испорачува гас и цената на гасот се зголеми. Сите сега се обидуваат да најдат начини да ја преживеат зимата. Зошто не им текна порано. Русија има важен адут во свои раце, и никој претходно не размислуваше за тоа, а сега проверувате колку залиха имате. Кога имате агресивен пристап кон Русија, таа го користи оружјето со кое располага“, објасни Ердоган.

Тој изрази надеж дека ќе се дојде до решение и војната ќе заврши, а кога ќе заврши светот повторно ќе живее во мир.

Related posts

Leave a Comment