Регион

Ердоган : Русија ја започна операцијата за испорака на ракетните системи С-400

Според турскиот водач, руските системи ќе имаат позитивен ефект врз безбедноста на целиот регион

 

АНКАРА, 8 јули. Подготовките за испорака на руските ракетни системи С-400 продолжуваат,  во тек, е операција за нивно товарење на авион за транспорт, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на прес-конференцијата во понеделникот.

“Подготовките за испраќање [на системот С-400] ќе продолжат. Натоварувањето е во тек. Постојат договорени датуми за испораките на С-400”, рече турскиот претседател.

Според Ердоган, “Министерството за одбрана на Турција во моментов планира и избира соодветни места за распоредување на С-400 системите”. Турскиот лидер рече дека е сигурен дека руските ракетни системи С-400 ќе имаат позитивен ефект врз безбедноста и на Турција и на целиот регион.

Турскиот телевизиски канал Хабертурк  во петокот објави наведувајќи ги изворите, дека испораката на противвоздушните ракетени системи С-400 до Турција би можела да започне на 7 јули. Според податоците на ТВ-каналот, првиот С-400  треба да се испорача оваа недела.

Хабертурк исто така објави дека девет руски техничари ќе пристигнат во Турција  за да помогнат во распоредувањето на ракетниот систем С-400. Во текот на првата фаза, еден сет С-400 ќе биде доставен во Анкара, објави телевизискиот канал.

Шефот на турската дирекција за одбранбена индустрија, Исмаил Демир, во четвртокот изјави дека испораките на С-400 може да започнат следната недела. Руската страна не го именуваше точниот датум за отпочнување на испораките.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!