Свет

Ердоган : Турција произведе лек за лекување на коронавирусот

Erdogan, Trump reiterate solidarity against COVID-19 - ABC News

„Турските научници успешно го произведоа лекот Фавипивавир, кој се користи во третманот на ковид-19“, посочи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На 1 јуни, Турција ја објави првата фаза на олеснување на рестриктивните мерки, со оглед дека земјата напредува во борбата против пандемијата на коронавирус, јавува турската радио телевизија.

Во Турција досега се потврдени 172.111 случаи на инфекција со коронавирус, додека бројот на закрепнати надмина 144.598. Досега, 4.728 луѓе починале од последиците од коронавирусот, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Ердоган најави дека како дел од олеснување на мерките, кината, театрите и шоу центрите ќе бидат отворени од 1 јули низ целата земја. Тој додаде дека работното време на објектите, како што се ресторани и кафулиња, се продолжува од 22 на 24 часот.

Исто така, на граѓаните на возраст над 65 и повеќе години ќе им биде дозволено да излегуваат  секој ден помеѓу 10 и 20 часот, а ограничувањето за движење за оние помлади од 18 години е целосно укинато, под услов тие да бидат придружувани од нивните родители. Свадбените сали ќе започнат со работа на 15 јуни.

Турскиот претседател, исто така, ја потврди поддршката на неговата земја за либиската влада во борбата против пучистиќкиот генерал Калифа Хафтар и неговите нелегитимни сили.

 

Related posts

Leave a Comment