Свет

Етиопската војска го обвини директорот на СЗО за поддршка на бунтовниците во Тиграј

WHO Director Tedros Adhanom to address tech conference on coronavirus  pandemic | News | DW | 20.05.2020

Адис Абеба – Етиопската армија го обвини директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејезус, за поддршка на владејачката политичка партија во Тиграј.

Тој е обвинет и за обид да обезбеди оружје и дипломатска поддршка на партијата во Тиграј, која се бори со федералните трупи.

Генералот на етиопската армија Бирхану Јула рече дека Гебрејезус е член на Народниот ослободителен фронт Тиграј, „криминалец кој треба да биде сменет од функцијата директор на СЗО“.

Тој не даде повеќе детали за обвинувањата против Гебрејезус, кој е Етиопиец од Тиграј.

Портпарол на СЗО изјави дека тој нема коментар за обвинувањата против Гебрејезус, објави Ројтерс.

Тедрос Гебрејезус беше министер за здравство и министер за надворешни работи од 2005 до 2006 година во поранешната коалициска влада предводена од Народноослободителниот фронт на Тиграј.

Фронтот ја водеше земјата сè додека премиерот Ахмед Аби не беше избран за премиер пред две години.

Во 2017 година, Гебрејезус стана првиот директор на СЗО со африканско потекло.

Loading...

Related posts

Leave a Comment