Свет

„ЕУ не ги признава резултатите од претседателските избори во Белорусија, наскоро санкциит против официјалните лица на режимот на Лукашенко“

Divided EU leaders to hammer out budget at February summit ...

„ЕУ е„ на страната на „народот на Белорусија“ “, изјави Мишел пред новинарите по видео самитот и дека ЕУ бара затворениците да бидат ослободени веднаш.

Европската унија (ЕУ) не ги признава резултатите од претседателските избори во Белорусија – изјавија денеска претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел и германската канцеларка Ангела Меркел по вонредниот самит на ЕУ за кризата во таа земја.

Потврдувајќи дека ЕУ е со народот на Белорусија, Мишел додаде дека ЕУ „наскоро“ ќе воведе санкции против „значаен“ број на службени лица на режимот на белорускиот лидер Александар Лукашенко.

Протестите продолжуваат уште од претседателските избори на кои Александар Лукашенко го доби мандатот по шести пат, а голем број демонстранти се уапсени.

„ЕУ е„ на страната на „народот на Белорусија“ “, им рече Мишел на новинарите по видео самитот и дека ЕУ бара затворениците да бидат ослободени веднаш.

Шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајн напиша на Твитер по самитот дека Европскиот совет испратил „три силни пораки“: – Ние ги поддржуваме Белорусите кои сакаат основни слободи и демократија

– Ние ќе ги санкционираме сите одговорни за насилство, репресија и фалсификување на изборните резултати

– Ние ќе поддржиме мирна демократска транзиција во Белорусија.

Loading...

Related posts

Leave a Comment