Жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, изгорела пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми.
Во моментов инспекторите проверуваат дали имало дополнително гориво во автобусот, бидејќи дизелот силно експлодирал, а автобусот работел на дизел.
![Бугарија](https://i0.wp.com/www.kurir.rs/data/images/2021/11/23/08/2801883_w-57310854_ff.jpg?w=1400&ssl=1)
Еден од преживеаните патници му рекол на премиерот Зоран Заев дека го разбудила голема експлозија.
Засега е познато дека утрово во 2 часот во автобус на автопатот Струма загинале 46 лица, сите патници се од Република Македонија, а најмногу од Скопје.
![0644460540, Бугарија](https://i0.wp.com/www.kurir.rs/data/images/2021/11/23/07/2801855_profimedia0644460540_ff.jpg?w=1400&ssl=1)
Пред местото на несреќата било пронајдено парче гума, кое најверојатно пукнало, по што возачот удрил во заштитната ограда.
Седуммина преживеани од автобусот избегале откако го скршиле стаклото и излегле низ него.