Свет

Жестока ТВ пресметка меѓу Макрон и Марин Ле Пен

Chômage, climat, voile... Le débat Le Pen-Macron résumé en 7 séquences  fortes

 

На четири дена пред вториот круг од претседателските избори, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателската кандидатка на екстремната десница Марин Ле Пен вечерва ги соочија ставовите во жестока ТВ дебата.

Тие се обидоа да ги убедат граѓаните кој е во подобра позиција да ја подобри куповната моќ на Французите и успешно да ја води надворешната политика на земјата.

Во текот на изминатите пет години, видов како луѓе страдаат, видов како се грижат за опаѓањето на квалитетот на животот и ми кажуваат за несигурноста што ја чувствуваат дека е широко распространета. Би сакал да им кажам дека е можен поинаков избор, избор заснован на почит и здрав разум“, рече Ле Пен за време на двоиполчасовната дебата на телевизијата Франс 24, пренесува Ројтерс.

Лидерката на десничарското Национално собрание (РН) го обвини Макрон дека единственото нешто што тој знае да го направи е „да дели чекови“ и посочи дека нејзин приоритет е да им ги врати парите на Французите.

Макрон одговори дека не сака луѓето што ја следат дебатата да мислат дека нивните плати ќе се зголемат за 10 отсто или повеќе.

„Ја проучував вашата програма во која го нема ни зборот невработеност“, рече Макрон, додавајќи дека доколку биде реизбран, ќе се обиде да ја направи Франција понезависна и посилна.

Тој рече дека е горд бидејќи во неговиот мандат невработеноста била најниска во последните 13 години.

„Горд сум што отворив нови работни места за време на мојот мандат. Најдобар начин за подобрување на куповната моќ е борбата против невработеноста. Можеме да го подобриме секојдневниот живот на француските граѓани“, рече Макрон, обвинувајќи ја Ле Пен дека нејзините интереси се поврзани со државното раководство на Русија.

Макрон рече дека во минатото Марин Ле Пен изразувала восхит од рускиот претседател Владимир Путин и потсетила дека договорила заем за нејзината изборна кампања во 2017 година преку руска банка, како и дека ја признала руската анексија на Крим.

„Зависите од руската моќ, зависите од г-дин Путин. Зедовте заем од руска банка и многу од вашите избори може да се објаснат со оваа зависност од Русија“, и рече Макрон на својота противничка, додавајќи дека Ле Пен не разговарала со други лидери туку со нејзиниот руски банкар и тоа е проблемот“.

Во жива размена на мислења, при што Макрон во еден момент праша дали се шегува, Марин Ле Пен ги отфрли обвинувањата против нејзините политички односи со Русија.

„Јас сум целосно слободна и независна жена“, рече Ле Пен во дебатата која ја одбележаа меѓусебните обвинувања и повишен тон со меѓусебни упади во зборот на соговорникот.

Таа додаде дека Макрон неколку пати се сретнал со Путин и дека тој му ги покажал највисоките државни почести за време на неговите посети на Франција, на што Макрон одговорил дека тоа го направил како претседател на Франција во рамките на воспоставените протоколи.

Меѓу другото, Ле Пен рече дека нејзината партија и таа лично не се противат на исламот, туку на радикалниот исламизам.

Во Франција на 24 април во недела ќе се одржи вториот круг од претседателските избори, а ќе се натпреваруваат Макрон и Ле Пен, кои во првиот круг освоија најмногу гласови од вкупно 12 кандидати.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!