Свет

Жириновски е стабилен, Володин ја демантира веста дека починал

Сенатор Пронюшкин сообщил о смерти Владимира Жириновского - РИА Новости, 25.03.2022

МОСКВА – Здравствената состојба на Владимир Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија е стабилна, соопшти денеска Министерството за здравство по спротивставените информации во медиумите за неговата наводна смрт.

Претходно сенаторот Александар Пронушкин објави дека Жириновски починал на 75-годишна возраст во болница во Москва, пренесе РИА Новости.

Таа информација ја демантираше претседателот на Долниот дом на руската Дума, Вјачеслав Володин, кој рече дека Жириновски е жив, но во тешка здравствена состојба и дека лекарите се борат за неговиот живот.

Жириновски беше хоспитализиран на 2 февруари поради Ковид 19.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!