Свет

Загинаа 17 лица во воздушни напади врз Јемен

 

Во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз јеменската провинција Дале, загинаа 17 лица, меѓу кои и седум деца.

Јеменските Хути, група поддржана од Иран, соопшти дека дури 16 лица загинале во една уништена куќа.

Повеќето детали се непознати, пренесува Ројтерс.

Претставниците на коалицијата сè уште не ги коментираа нападите.

Related posts

Leave a Comment