ХРОНИКА

Загина легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски Буштур

 

Синоќа во тешка сообраќајна несреќа загина македонската кошаркарска икона, Благоја Георгиевски Буштур. Со сребрен медал од Олимпијада и Европско кошаркарско првенство, тој беше еден од најуспешните спортисти во Македонија.

За кратко време откако светот го загуби Коби Брајант, Македонија остана без Благоја Георгиевски  Буштур.
Благоја Георгиевски Буштур е роден е на 15. октомври, 1950 година во Скопје. Најголемиот дел од играчката кариера го поминува во Работнички со кој играше во Првата југословенска лига. Во сезоната 1975/76 со Работнички стигнува до полуфиналето од Купот на Куповите.
Тој беше член на младинската репрезентација на Југославија, со која ја освои Балканијадата во Ријека и беше четврти на Европското првенство во Атина.
Во 1971 Буштур беше дел од сениорската репрезентација на Југославија која настапи на ЕП во Запдна Германија каде го освои сребрениот медал.
Георгиевски учествуваше и на Летните Олимписки игри во 1976 кои се одржаа во Монтереал. И таму го освои сребрениот медал, што е најголем успех на еден македонски кошаркар во историјата.
По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на Македонија.
Беше член на УО и Собранието на Македонскиот Олимписки комитет, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, а беше и претседател на највисоката спортска институција во нашата земја.
Тој е член на Клубот на Великаните на Македонскиот Олимписки комитет од 1997 година.

Related posts

Leave a Comment