ФБ Статуси

Владимир Карапетров : Значи Лдпмне и да дојде на власт и да има 2/3 мнозинство нема да го поништи Преспанскиот договор.

Значи Лдпмне и да дојде на власт и да има 2/3 мнозинство нема да го поништи Преспанскиот договор. Уште една нивна лага пукна како меур од сапуница.
За Пандов и Лдпмне најважни се членството во Нато и Еу и економската благосостојбата на граѓаните но не и поништување на Преспанскиот договор.
,, Нема политичар што може да го поништи Преспанскиот договор тој нема да има доверба кај граѓаните ,,
Добро господине Пандов а со резултатите од референдумот на 30 септември каде народот јасно кажа
Не за ЕУ и Нато
Не за Преспанскиот договор што правиме?
Зошто тоа не го споменувате ниту Вие ниту Лдпмне нели кој се
,, против ,,
Преспанскиот договор?
Знаете дека се од 27.04.2017 е ништовно и доволни се само 61 пратеник за се да се поништи.
Мнозинството народ тоа го бара. Така да не Ви поминуваат тезите дека тој политичар што ќе вети поништување на Преспанскиот ќе ја нема довербата од народот.
Значи и според Вас Преспанскиот договор е завршена работа и треба да живееме со тоа?
Вие слободно живејте со таа
,, реалност ,, но за Македонците никогаш Преспанскиот договор нема да биде реалност туку обичен лист хартија кој ќе се искине и фрли во првата прилика кога ќе им се укаже шанса тоа да го направат.
До тој момент борбата за поништување на Преспанскиот продолжува.
Ќе се бориме до самиот крај.

Related posts

Leave a Comment