Свет

Задолжителна вакцинација во Полска од 1 март

Полска: Дискотеките и ноќните клубови ќе бидат затворени

Полска од 1 март воведува задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, како и за полицијата, армијата, пожарникарите и работниците за безбедност.

Полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски во вторникот изјави дека по 1 март вакцинацијата ќе биде услов за работење во тие сектори. Тој посочи дека поради постојаниот голем број новозаразени, Полска ги следи стапките на Германија и Австрија.

Тој рече дека од 15 декември ќе го намали бројот на гости и посетители во хотелите, рестораните, театрите и црквите на 30 отсто од сегашните 50 отсто, а дискотеките и ноќните клубови ќе бидат затворени.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!