Македонија

ЗАЕВ ГО ПОВИКА ГРУЕВСКИ ДА СИ ЈА ОТСЛУЖИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА И ТАКА ДА И ПОМОГНЕ НА МАКЕДОНИЈА

 

„Мора да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Се е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со се, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома“, порача премиерот Зоран Заев од Битола, одговорајќи на вчерашниот facebook статус на Груевски во кој поранешниот премиер изјави дека понекогаш му доаѓа да му помогне на Заев.

Заев ја коментираше и средбата меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, нарекувајќи ја истата „логична“ бидејќи партиите на Мицкоски и Орбан се членки на ЕПП и логично е да се среќаваат.Заев ги повика двајцата лидери да ги изнесат сите детали пред јавноста како што тоа е обврска на сите јавни личности од таквите средби.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!