Свет

Путин: Западот е подготвен да го жртвува остатокот од светот за глобална доминација

 

Западните земји, кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот поради нивната доминација, се виновни за глобалните последици од санкциите врз Русија, вклучително и можниот глад, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за економски прашања во четвртокот, пренесува ТАСС. .

Тој истакна дека многу земји веќе се соочуваат со закани од глад и дека доколку продолжат санкциите кон Русија, и Европската унија, рече Путин, би можела да се соочи со последици кои тешко би можеле да се вратат. „Вината за ова е целосно кај елитите на западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот за да ја зачуваат својата глобална доминација“, рече рускиот лидер. За возврат, Русија самоуверено се справува со надворешните предизвици, додаде тој, благодарение на одговорните макроекономски политики во последните години и систематските решенија за зајакнување на економскиот суверенитет и технолошката и прехранбената безбедност. „Нашите производствени компании постепено ги пополнуваат домашните пазарни ниши ослободени по заминувањето на бескрупулозните партнери, вклучувајќи основни производи, индустриска и услужна опрема, градежни и земјоделски машини“, рече рускиот лидер.

Дополнително, Путин тврди дека рубљата годинава покажува најдобра динамика меѓу сите светски валути. „Во услови на рекорден трговски суфицит, зајакнува и националната валута. Овогодинешниот курс на рубљата покажува веројатно најдобра динамика меѓу сите светски валути“, рече тој. Во меѓувреме, некои економски движења во Русија бараат посебно внимание, рече рускиот претседател, додавајќи дека домашната побарувачка во земјата заостанува зад минатогодишното ниво, додека износот на средства на корпоративните и приватните сметки продолжува да опаѓа. „Овие фактори очигледно имаат негативно влијание врз економската динамика. Таквите ризици треба да се намалат, особено со потпирање на нашето успешно искуство со насочени активности во средината на пандемијата 2020-2021 година“, заклучи Путин.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!