Регион

Западот планира да ја обвини Србија дека го нарушува дијалогот со Косово

 

Рускиот амбасадор во Белград Алаксандер Боцан-Карченко рече дека „се создаваат предуслови за повторно да се обвини Белград за прекинување на преговорите“

 

Обраќањето на групата Квинта (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Иралија) до Белград и Приштина, со предлог за обновување на дијалогот, претставува обид да се обвини Србија за прекинување на разговорите за нормализирање на односите, изјави рускиот амбасадор во Белград Алаксандер Боцан-Карченко во вторникот.

„Не видовме ништо ново или ветувачко во изјавата на таканаречената група на Квинта“, напиша Боцан-Карченко на својот официјален профил на Твитер. “Дијалогот може да се врати само преку активна работа со Приштина, вршејќи притисок врз Приштина со цел да се укинат царините и да не се дозволи демонстрација на сила. Според наше мислење, се создаваат предуслови за повторно да се обвини Белград за прекинување на преговорите”, додаде тој .

Кампањата на Србија за одземање на признавањето на независноста на Косово нема никаква врска со враќање на дијалогот и претставува „суверена материја на други земји што ја признаваат несолвентноста на псевдо-државноста на Косово и нејзината неусогласеност со меѓународното право“, истакна амбасадорот.

Дипломатот потсети дека во изјавата на Квинта Групата се споменува и евроатлантската интеграција. „Групата Квинта повторно го игнорира ставот на Србија за воено-политичката неутралност“, истакна тој.

Претходно во вторникот, амбасадите на земјите од Квинта групата во  Косово ја повикаа Приштина да ги укине своите 100% царински давачки на српската стока, а на Белград – да престане со кампањата за одземање на меѓународното признавање на независноста на Косово.

Related posts

Leave a Comment