Македонија

Започна менувањето на натписите на спомениците во скопскиот плоштад

 

Александар Велики припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на културното и историско светско наследство. Ова стои на новиот натпис на споменикот Воин на коњ на скопскиот плоштад. Со ова, почна поставувањето на новите натписи во спомениците од проектот „Скопје 2014“, согласно Преспанскиот договор каде во членот 8 став 2 вели дека „во текот на шест месеци од стапувањето на сила на договорот, втората страна ќе го разгледува статусот на спомениците, јавните објекти и инфраструктурата во својата територија“.

Новите табли се ставени на три јазици, македонски, албански и на англиски. Освен тоа, почна и отстранувањето на Сонцето од Вергина од јавните институции, зградите како и од јавните простори, па дури и од шахтите. Оваа обврска се предвидува во член 8 став 3 од договорот каде се вели: „Втората страна нема да го употреби на ниту еден начин или форма поставениот симбол поставен претходно во своето претходно знаме во рок од шест месеци од стапување на сила на договорот.

Што се однесува на симболот на поранешното знаме (Сонцето од Вергина), таква обврска државата преземала уште од 1995 година со Времената спогодба. Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски вели дека употребата на симболите како што е старото знаме, не е забранета за граѓаните и оти за нив нема да има санкции.

Со ова, домашните власти исполнија уште една обврска според предвиденото во Преспанскиот договор. Инаку, поставените табли во главниот град се под надлежност на Град Скопје.

Related posts

Leave a Comment