Македонија Регион

Захариева изрази надеж дека разговорите помеѓу ЕУ и Скопје ќе започнат на есен

 

 

За време на јавната расправа за почетокот на финското претседателство со Советот на ЕУ, вицепремиерката на Бугарија Екатерина Захариева изрази надеж дека октомври нема да биде  месец за повторно одложување на поканата за приклучување кон ,,северна,, Македонија и Албанија. Форумот беше организиран од Пан Европа Бугарија, Амбасадата на Финска во Бугарија и Фондацијата Конрад Аденауер.

Екатерина Захариева изрази задоволство што програмата на финското претседателство го вклучи и прашањето за проширувањето, истакна дека поканата за ,,северна,, Македонија и Албанија нема да биде лесен компромис, но се надева дека овој пат обврската во октомври ќе биде исполнета. Исто така, таа го нагласи фактот дека, за жал, разликите меѓу земјите во ЕУ стануваат сè позабележителни за остатокот од светот.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment