Македонија Политика Регион

Захариева со ултиматум -Или корекција на историјата во учебниците или нема ЕУ

 

” Нема да правиме компромис со вистината. Од ,,Северна” Македонија не сакаме ништо повеќе од вистината. ” Ова за бугарската телевизија Нова го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во врска со одбивањето од страна на Бугарија да го слави пренесувањето на коските на  легендарниот деец и идеолог на ВМРО Гоце Делчев на 7 октомври од Софија во Скопје, со указ на тогашниот бугарски претседател Георги Димитров .

Според Захариева, тој акт е едно од најголемите предавства на Бугарија. Самиот Гоце Делчев си има кажано  дека тој е бугарин – изјави Захариева , тој тоа го напишал десетици пати, додаде министерката за надворешни работи.

Според Захариева, една од најосновните работи што Бугарија ги очекува од ,,северна” Македонија е да ја смени содржината на учебниците доколку сака да ја добие подршката од Софија во процесите за приклучување кон ЕУ.

Потсетуваме, пред неколку дена, вицепремиерот и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов, рече дека ,,северна” Македонија ја користи Бугарија само за членство во ЕУ и во НАТО . Според него, Македонците немаат намера да признаат очигледни историски факти како што е националноста на Гоце Делчев.

Loading...

Related posts

Leave a Comment