Свет

Захарова ги предупреди САД: На секој непријателски чекор ќе уследи болна реакција!

Zaharova upozorila Ameriku: Na svaki NEPRIJATELJSKI korak uslediće BOLNA REAKCIJA!

Секој непријателски чекор на Вашингтон дефинитивно ќе биде проследен со реакција која ќе биде болна за САД, се наведува во коментарот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Крајно време е Американците да научат дека по секој непријателски чекор неминовно ќе следи реакција, во секој случај болна за нив – вели Захарова.

Таа посочи дека во последно време американски претставници на различни нивоа се обидуваат да се амнестираат од одговорноста за состојбата на руско-американските односи, кои се блиску до целосен прекин.

– Тие вообичаено вината ја префрлаат на Русија, која ја обвинуваат за ескалација со образложение дека не пропуштаме удари и секогаш на непријателските напади одговараме реципрочно или асиметрично – изјави официјалниот претставник на Министерството.

Според неа, очигледно во Вашингтон сметаат дека е нормално да се протераат руски дипломати од измислени причини, да се конфискува туѓ имот, да се затворат руските дипломатски претставништва, „а потоа лицемерно се прашуваат зошто „арогантните Руси“ реагираат со иста мерка, нанесувајќи им штета на американските дипломатски мисии во Русија.”

.Да потсетиме, западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради специјалната воена операција во Украина. Некои странски компании најавија дека го напуштаат рускиот пазар и го затвораат производството во земјата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека западните компании, кои се откажале од бизнисот со Русија, го направиле тоа под огромен притисок, но дека Русија ќе ги реши сите проблеми со економијата создадена од Западот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!