Свет

За Окамура ЕУ е лудница која се распаѓа

 Томио Окамура: диктатурата на ЕУ почнува да станува неподнослива. Гласам за напуштање на ЕУ преку референдум.
Zastave EU
Партијата за слобода и директна демократија (СПД) укажува на вистинските закани, без разлика дали станува збор за миграцијата или  за исламскиот фактор. Јас бев првиот и единствен аларм за ова уште  во 2013 година. Другите  (владата, опозицијата) веќе подолго време велеа дека ништо не ни` е закана, а заканата всушност постои,. Потоа, со забрзано темпо, тие почнуваат нешто да работат, но тогаш е предоцна. Ваквата политика не е во ред, дури ни  на подолг рок – вели Окамура.

– Гласам за напуштање на ЕУ преку референдум. Гледате, Велика Британија излезе и сега веројатно ќе стане посилна. А  ЕУ сега има проблеми. ЕУ сака да го задржи истиот буџет и истиот број на бирократи како порано, и покрај тоа што Велика Британија излезе.. Против  ова се Австрија, Холандија, Данска. ЕУ е лудница – заклучува Окамура.

Окамура смета дека е неопходно да се засили работата во рамките на  Вишеградската четворка.

– Имаме многу заеднички интереси во регионот и долга заедничка историја. Ние ја преживеавме заканата од Исток во 1968 година (влегувањето на трупи од земјите од Варшавскот пакт). Што се однесува до  Западот, можеме да се сетиме на Минхен ( Минхенскиот договор ). Затоа мора да се потпреме на себе  и на нашите сојузници во нашиот регион. Само Полска има население од 40 милиони. Одлично би било ако на  Вишеградската четворка би и се придружила и Австрија. Ова не е глобализација, туку децентрализација. Можеме да постигнеме договор на ова поле – вели тој.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment