Колумни

За сопствената безбедност ќе мораме сами да се погрижиме. ,,- Коj одбива да храни своjа воjска , ќе храни туѓа -Зоран Македонец Курљан

 

Како извор на напрегнатоста во Република Македониjа се jавува нерешениот социjално – економски проблем, исто така и бездната коjа е испречена меѓу безобразно богатите и до болка бедните граѓани , државjани на една – иста држава.
Токму во таа бездна , истркалани на дното , лежат делови од – во парампарче искршената социjална справедливост.Граѓаните се веќе изморени од разните економски реформи , а до таквиот расклад на богатството доведе несправедливата – криминална приватизациjа на социjалистичката сенародна своина (општествена сопственост ).
Новиот правно – политички систем неопходно е да биде граден на идеите од руските филозофи во 19-иот и 20- иот век. Идеите за солидарност , соборност , одговорност и сострадание за секого , не само за себе туку и за останатите , треба да бидат противставени на доминантниот ,, либерално – индивидуалистички ,, приод во разбирањето на правото и политиката.
Исто така , опозициjата мора да има лостови и инструменти на дел од реалната власт , зошто, монополот на власт во рацете на позициjата доведува до застоj во развоjот на државата. Само во антагонизамот на односи : позициjа – опозициjа се реализира ,, проветрување на политичките бели дробови ,, на државниот организам. Но , не антагонизам преку лични навреди и ,, етикети ,, , а преку инвентивноста при заштита на националните интереси.
Властите во последните 30 години сеуште не изработаа таков систем на развоj , коj што би соодветствувал на очекувањата на македонското општество и неговото разбирање на справедливоста .
Како следен чекор во еволуциjата на македонската држава  е : воведување на нов тип сопственост , како уставна категориjа – граѓанска сопственост . Таа сопственост , во своето детерминирање владее со сета сопственост коjа е надвор од владеење на приватната сопственост. Приватната сопственост создадена или мултиплицирана во ,, дивите 90-ти ,, од страна на учесниците во распределбата на националното богатство на Република Македониjа , се разбира , треба да биде реанализирана од аспект на справедливоста .  Исто така не се во зона на интерес :обjектите во кои се сместени државни институции ( главни и помошни) , обjектите во кои се сместени армиjата и полициjата ( главни и помошни). Националното богатство , природно или андропогено , е сопственост на граѓаните , народот на Република Македониjа.
Нашата безбедноста,  во актуелно време е во воените орудиjа и леталата во сопственост на државата jужно од Република Македониjа. Таа држава се слави по своjата нељубов кон Македонците , а политичките случувања во последниве две години само го потврдуваат горкото послевкусие од овоj ноторен факт. А фактите се наjтврдоглавите сушности во нашите животи. Врв на цинизамот достоен на учениците од циничката школа на Диоген.
За сопствената безбедност ќе мораме сами да се погрижиме. ,,- Коj одбива да храни своjа воjска , ќе храни туѓа ,,.  И сериозен партнер , ќе ни треба , како во воените , така и во современите економски , техничко- технолошки трендови. Зошто, зрната, време на Pax Americana истекува низ клепсидрата на историjата , а кон пиедесталот , тивко како Багира пред скок , се приближува Суверениот Свет . Свет , во коj соработката е противставена на конкуренциjата , напредокот е достапен – ако е тоа во интересите на потписниците. Свет , управуван од суверени преставници на суверени држави. Без еден центар како ,, Голем Брат,, коj му диши во врат на целото човештво со своjот огнен здив.Последните ,, мохиканци,, од тоj монструмозен киборг со интер-континентално тело , се вуцараат по Балканов , во потрага по последната победа – по сопствената лебедова песна.
Договорите склучени во рамки на новиот пат на свилата докажуваат за рамноправност во односите меѓу партнерите , независно од нивната меѓународна ,, тежина ,,.
Овоj нов контекст , Република Македониjа  мора да го зграби , заради исполнување на сопствената синтагма ,,- Светот – како поле за културен натпревар меѓу народите,, Во тоj натпревар мораме да учествуваме како Македонци од Република Македониjа , зошто тоа е името кое ние , неjзината рожба, го одбравме  за нашата Родина.

Колумна – Зоран Македонец Курљан

Loading...

Related posts

Leave a Comment