Колумни

ЗА УМРТВЕНИТЕ

How likely are we to blindly obey authority? | by Symphony | symphonyis |  Medium

Длабоката психологија или психоанализата мошне прецизно го има објаснето феноменот на тоталитаризам.

Според истражувањата на ова поле, тоталитаристичките режими биваат овозможени не од екстремно садистички или од екстремно мазохистички патолошки личности, ами од умртвени личности.
Тоа се личности структури кои во состојба на длабока траума го потиснуваат комплетниот спектар на емоциии во себе, и деструктивните, но и конструктивните емоции, и создаваат, се разбира несвесно, состојба на мртвило во себе.
Потиснувајќи го емотивниот спектар, кај овие личности се нарушува и когнитивната функција на личноста. Тоа значи, не се во состојба човечно, рационално и емоционално, да преработуваат информации. Наместо тоа имитираат шеми од надворешниот свет, најчесто други патологии. Оттука потекнува ирационална потреба од авторитети кај овие умртвени личносни структури.
Структури, затоа што, овој тип на личност е вештачки конструкт на непреработена длабока траума. Оваа траума, потисната длабоко во душевната сфера на човекот, конструира извртена, патолошка перцепција на светот, наречена ЕГО.
Токму умртвените личности се носителите на тоталитаристички матрици, оти патолошка личносна структура е многу лесна за контролирање и манипулирање. Предвидлива е.
Денешната наука за психата всушност се сведува исклучиво на контрола и манипулација на патолошки личносни структури.
Не случајно, ниту една психичка/душевна болест кај човекот не е излекувана од западната наука. Наместо тоа, болните душевни состојби на човекот успешно ги пренесуваме врз животните, затворајќи ги во кафези и условувајќи ги до умртвување. Секако, за доброто на човекот.
Западната цивилизација е изградена врз колективно психопатологизирање на масите, со цел нивна целосна контрола.
Не постои дел од личноста на “западниот” човек кој не’ подлежи на инвазивно агресивно патологизирање, од зачнување преку раѓање, растење, до умирање.
Во Македонија денес тоа станува невкусно очигледно со агресивната пропаганда на умртвените за убивање на Македонскиот дух, особено преку Образованието.
Словенскиот културен круг, во неговата првобитна замисла, е сушната спротивност на Англо-саксонскиот анти-културен круг.
Во Словенството, кај словенските народи, живиот Бог во човекот е сржта и смислата на земното битисување на човекот. Преку живиот Бог во себе, емоционалните и рационалните сфери на човекот, душата, се развиваат природно и хармонично и водат до отворање на духовните сфери.
Се развива здрава личност во човекот која не му остава простор за доминација на болното ЕГО.
Вакви здрави личности, живи битија, се неконтролабилни.
Тие се непредвидливи – смртниот страв на психопатолошката личност и тоталитаристичките матрица.
Корпорацискиот тоталитаризам што си вообразува дека ќе го завладее здравото човештво оперира токму на параметрите на предвидливост.
Тие добро знаат дека психопатолошка личност е предвидлива. Но, живо битие, жив дух – никогаш.
Бидејќи, самите креатори на тоталитаристичките матрици за умртвените се умртвени личности, тие воопшто не можат да замислат што значи битисување на Жив Дух. Не можат да смислат механизми за контрола на овие живи битија. Секако, ја подметнаа религијата сосе нивните организации за масовно умртвување, но Живиот Бог не е во Црквите.
Бидете Живи. Збунете ги умртвените.

Една Македонка

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!