Свет

ЗА ШТО ЗБОРУВАА ПУТИН И МАКРОН: Откриени детали од разговорот

Putin, Macron discuss Ukraine in phone call

Претседателите на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин денеска разговарале телефонски, а разговорот траел околу еден час, објави француската телевизија БФМ.

Кремљ даде детали од разговорите меѓу двајцата лидери.

▪️Претседателите разговараа за ситуацијата во Украина, имајќи ги предвид преговорите во Истанбул, а особено внимание посветија на хуманитарните прашања.

▪️Путин го информирал Макрон за мерките за обезбедување хуманитарна помош и евакуација на цивилиte, вклучувајќи ја и евакуацијата од Мариупол.

▪️Рускиот лидер истакна дека за да се реши тешката хуманитарна ситуација во Мариупол, неопходно е националистичките милитанти да го положат оружјето.

▪️Путин и Макрон разговараа и за транзицијата кон плаќање за снабдување со гас во рубли.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!